Епископот и непознатата монахиња
Познатиот германски епископ Вилијам Емануел Кетелер (1811 – 1877) е еден од основачите на католичката социологија, за својот повик е должен благодарност на една непозната монахиња. Епископот на еден свој пријател исто така епископ еднаш му раскажал: „За сè што со Божја помош постигнав должен сум благодарност за молитвите и жртвите на некого кој дури не го ни познавам. Можам само да кажам дека знам оти некој го понудил целиот свој живот на нашиот драг Бог за мене, а на таа жртва можам да се заблагодарам што воопшто станав свештеник.“
Продолжува: „Во почетокот немав намера да станам свештеник. Веќе дипломирав право и мислев дека го пронајдов своето место во светот за да дојдам до чест, престиж и богатство. Едно посебно искуство ме задржа и го насочи мојот живот кон поинаков пат. Една вечер бев сам во својата соба размислувајќи за своите идни планови за славата и богатството кога ми се случи нешто што не можам да го објаснам. Дали бев буден или спиев? Дали навистина видов или тоа беше само сон? Едно знам: тоа го промени мојот живот. Многу јасно го видов Исус како во блескав облак стои над мене покажувајќи ми го своето Пресвето Срце. Пред него коленичеше една монахиња подигнувајќи ги своите раце во молитва. Ги слушнав зборовите од Неговата уста: „Таа постојано се моли за тебе!“ Јас ја видов таа сестра, а нејзините особини толку делуваа на мене што ми остана во сеќавање до денешен ден. Изгледаше дека таа е обична сестра лаик. Облеката и беше многу сиромашна… Рацете и беа црвени и полни со плускавици од напорната работа. Што и да беше тоа се работеше за сон или не беше извонредно. Ме потресе сѐ до длабочината на моето битие така што од тој момент одлучив да му се посветам на Бог во свештеничката служба.
Отидов во манастир на духовни вежби и за сето тоа разговарав со својот исповедник. Тогаш на возраст од 30 години започнав да студирам теологија. Остатокот од приказната го знаете. И ако мислете дека сум направил нешто вредно сега знаете кој навистина е заслужен за тоа – чесната сестра која се молеше за мене, а можеби воопшто не знаеше кој сум. Уверен сум дека се моли за мене и дека ќе продолжи да се моли за мене во тајност и без тие молитви никогаш не би ја достигнал целта која Бог ја одредил за мене.“
„Знаете ли нешто за тоа која е личноста која се молела за вас и каде таа се наоѓа?“ – го прашал пријателот.
„Не знам, единствено секој ден да го молам Бог додека е сè уште на земјата Тој да ја благослови и илјадници пати повеќе да и плати заради сето она што го направила за мене.“
Следниот ден епископот Кетелер го посетил манастирот на сестрите во блискиот град и служел света Литургија во нивната капела. Ја делел светата Причест на последниот ред кога една од сестрите оддеднаш му паднала во око. Пребледев и останав неподвижен. Конечно се прибрав и ја причестив сестрата која коленичеше во собраност несвесна за неговото двоумење. Тогаш заврши светата Литургија.
Кога завршиле епископот Кетелер ја повикал чесната мајка за да му ги претстави сите сестри кои се во таа куќа. Брзо ги собрала сите. Епископот ги поздравил но очигледно не ја пронашол таа која ја барал.
Тивко ја запрашал чесната мајка: „Дали се овде сите сестри?“
Таа ги погледнала и рекла: „Ваша превозвишеност ги повикав сите но една од нив не е овде.“
„Зошто не дојде и таа?“
„Таа работи во шталата“ одговорила „и тоа на таков начин за пофалба што во својот ентузијазам понекогаш ги заборава другите работи.“
„Би сакал да ја видам таа сестра“ замолил епископот.
Малку подоцна дошла и таа сестра. Епископот Кетелер повоторно пребледел и откако разменил неколку збора со другите сестри ги замолил да остане насамо со сестра која тукушто дошла.
„Ме познаваш ли?“ – ја прашал.
„Никогаш ве немам видено Ваша Превозвишеност.“
„Дали некогаш си молела или понудила добро дело за мене?“ – сакал да знае.
„Не можам да се сетам дека некогаш нешто сум направила за вас ваше Преосвештенство.“
Епископот молчел неколку моменти, и тогаш ја прашал: „Имаш ли некоја посебна побожност која што ја сакаш?“
„Побожноста кон Пресветото Срце Исусово“ гласеше одговорот.
„Изгледа ја имаш најтешката работа во манастирот“ продолжи епископот.
„О, не Ваше Преосвештенство“ му рекла сестрата „но не можам да лажам дека ми е лесно.“
А што правиш кога ќе те зафатат искушенија кои се противат на твојата работа?“
„Се навикнав од љубов кон Бог со среќа и ентузијазам да се соочувам со работите кои многу ме чинат, а потоа ги понудувам за една душа на земјата. Целосно му препуштам на Бог кому заради тоа ќе биде милостив. Јас не сакам да знам. Исто така секоја вечер од осум до девет часот го предавам своето време за обожавање пред Пресветата Евхаристија за таа накана.“
„Како си дошла до тоа да ги предадеш сите свои заслуги некому кој ти е целосно непознат?“
„Го научив тоа уште додека бев во светот“ одговорила. Во училиштето нашиот парох, нашиот учител нè научи да се молиме и да ги принесуваме нашите заслуги за роднините. Освен тоа рече дека треба многу да се молиме за оние кои се во опасност да бидат изгубени. Со оглед на тоа дека само Бог знае кому навистина му е потребна молитва најдобро е да се стават своите заслуги на располагање на Пресветото Срце Исусово и да веруваме во неговата мудрост и семоќност. Тоа е она што јас сум го направила“ заклучи и „секогаш верував дека Бог ќе ја пронајде вистинската душа.“
„Колку години имаш?“ – прашал Кетелер
„Триесет и три Ваша Превозвишеност“ – одговорила.
Епископот застанал за момент. Тогаш ја прашал: „Кога си родена?“
Сестрата ја кажала датата на своето раѓање. Епископот воздивнал, нејзиниот роденден бил на денот на неговото преобраќање! Тогаш ја видел токму онаква каква што била пред него денес.
„А знаеш ли нешто за тоа дали твоите молитви и жртви се успешни?“ ја прашувал
„Не Ваша Превозвишеност.“
„Зарем не сакаш да знаеш?“
„Нашиот драг Бог знае кога нешто добро ќе се случи и тоа е доволно“ одговорила едноставно.
Епископот бил потресен. „Тогаш продолжи со својата работа во Името Господово“ и кажал епископот.
Сестрата веднаш клекнала пред него и го замолила за благослов. Епископот свечено ги подигнал рацете и преплавен со чувства молел: „Со моќта која ми е дадена како на епископ ја благословувам твојата душа, ги благословувам твоите раце и твојата работа, ги благословувам твоите молитви и жртви, твоите самоодрекувања и твојата послушност. Посебно го благословувам твојот последен час и го молам Бог да ти помогне со својата утеха.“
„Амин“ мирно одговорила сестрата станала и си заминала.
Епископот длабоко допрен отишол до прозорецот за да се прибере. Малку подоцна се поздравил со чесната мајка и се вратил до станот на својот пријател епископот на бискупијата каде што бил на гости. Му се доверил: „Сега го најдов оној на кој треба да му се заблагодарам за својот повик. Таа е најниската и најсиромашната сестра во тој манастир. Не можам доволно да му се заблагодарам на Бог за неговата милост затоа што таа сестра се моли за мене скоро дваесет години. Првиот ден кога го видела светлото на овој свет Бог поработел на моето преобраќање однапред прифаќајќи ги нејзините идни молитви и дела.
Каква поука и потсетување за мене! Ако некој успех или моите добри дела ме наведуваат на суета треба да се сетам што е вистината: за тоа треба да се заблагодарам на молитвата и жртвата на сиромашната служителка во манстирската штала. А кога малите и ниски задачи го прават невреден трудот треба да се сетам: она што таа понизна слугинка го прави во својата скромна послушност на Бог правејќи жртви за да се совладува самата себе толку е скапоцено пред нашиот Господ Бог заради нејзините заслуги воздигнал епископ на Црквата.“
Стела Марис/к.мк