Европските Цркви повикуваат на прослава на „Времето на создаденото“ како Јубилеј на Земјата
Советот на европските епископски конференции (CCEE) и Конференцијата на европските цркви во заедничко соопштение објавено на 25 август 2020 година во Брисел по повод Светскиот ден на молитва за создаденото, кој се одбележува на 1 септември и Времето на создаденото, од 1 септември до 4 октомври, празникот на свети Фрањо, повикуваат да се слави богатството на верата кое го изразува чувањето на заедничкиот дом.
Библискиот концепт на јубилејната година се стреми кон рамнотежа на социјалните, економските и еколошките услови, за што христијаните мора да се ангажираат = се истакнува во соопштението потпишано од претседателот на Советот на европските епископски конференции, кардинал Анџело Бањаско и претседателот на Конференцијата на европските цркви Кристијан Кригер. Оваа година пандемијата со коронавирусот покажа колку многу цврсто светот е поврзан меѓусебно, освестувајќи нѐ сите дека не сме одвоени едни од други и колку сме кревки условите за човечкиот живот и благосостојбата. Последиците од пандемијата ги присилуваат луѓето сериозно да ја сфатат важноста на одржливиот развој на целата Земја. Уште повеќе во поглед на уништувањето на животната средина и заканите од климатските промени – се истакнува во документот на европските епископи.
Светскиот ден на молитва за создаденото го востанови папата Фрањо во 2015 година.
Ватикан њуз/к.мк