Европа да не ги заборава своите христијански корени

Европа да не ги заборава своите христијански корени

Европа сака да ги заборави своите христијански корени и да живее како да не постои Бог”. Ова стои во пастирското писмо на полските бискупи по повод 75-годишнината од смртта на света Тереза Бенедикта од Крстот, позната и како Едит Штајн. Таа почина во концентрациониот логор Аушвиц, на 9 август 1942 година.

Епископите ги осудуваат „културните процеси” кои „свесно се оддалечуваат од идејата за Европа, се разбира, како Европа на духот”. Се мисли на оние кои „го поддржуваат правото на евтаназија, правото жените да ги убиваат сопствените неродени деца, на оние кои институцијата брак ја оспоруваат и сфаќањето за бракот како заедница меѓу еден маж и една жена и ја поттикнуваат родовата идеологија”. Истовремено, епископите повикуваат да се молиме „за преобраќање на Европа, за да има храброст да се врати на своите христијански корени”.

Во пораката епископите потсетуваат дека во 1999 година Иван Павле II ја прогласи света Тереза Бенедикта од Крстот за созаштитничка на Европа и нагласуваат дека за полскиот папа „примерот на светицата е важен индикатор за тоа како да живееме, за да не го изгубиме огромното наследство на европскиот духовен идентитет и култура”. Едит Штајн е родена во 1891 година во еврејско семејство од Вроцлав (тогаш, припаѓа на Германија). На 1 јануари 1922 година тајно ја прима светата Тајна Крштение. Канонизирана е на 11 октомври 1998 година.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот