Духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија

Во понеделник, 26 мај 2014 година во просториите на Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица се одржа Духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзрахат во Македонија. На Духовната обнова, која започна со молитва на Часословот присуствуваше и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и апостолски егзрах во Македонија.

Отец Спасо Ристов, парох во Нова Маала во својот наговор зборуваше на тема: „Заповедите се за почитување“, во кое навлегувајќи во делови од Светото Писмо упати на вистинското славење на Господ.

По предавањето се отвори дискусија поврзана со темата, а потоа следуваше света Исповед и света Литургија. На крајот од духовната обнова свештениците во парохиската сала се задржаа во заедништво и разговор.

К.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот