Дискриминација на католиците за време на бомбашкиот напад во Бостон
Бостон, 28.4.2013 /к.мк/ – Целиот свет уште еднаш беше шокиран кога на 15 април оваа година кон крајот на Бостонскиот маратон експлодираа две бомби кои убија тројца и повредија неколку стотини набљудувачи и натпреварувачи. Реакцијата на итните служби и полициските сили недвосмислено беше примерна и благодарение на нив беа спречени други загуби на човечки животи и страдања.
Во такви ситуации секоја помош е добредојдена и луѓето спонтано се обединуваат во напор да им помогнат на ближните. Лекари, медицински сестри, полицајци и пожарникари, секој со малку искуство или било каква вештина, како тренинг во итната помош, која може да помогне се добредојдени. Сите се добредојдени, освен изгледа католичките свештеници…
Имено, после експлозијата на бомбите одреден број на католички свештеници побрза да им помогнат на настраданите, пред сè да им ја поделат Светата Тајна елеопомазание на болните на тешко ранетите и на оние кои умираат. Но, полицијата го забрани пристапот и не им беше дозволено да се приближат ниту на настраданите, ниту на спасувачите. Ова е посебно уште повеќе зачудувачки со оглед дека Бостон е традиционално католички град со голем број на жители со италијанско и ирско потекло – двата народи со силна и горда католичка традиција. Однесувањето на полицијата е уште повеќе збунувачко со оглед на тоа што за време на нападите на кулите на Светскиот трговски центар на 11 септември 2001 година, на свештениците им беше дозволено да влезат на сцената на нападот и да им ги поделат Светите Тајни како на жртвите на нападот, така и на спасувачите кои влегуваа во урнатините кои гореа ризикувајќи ги сопствените животи.
Зарем секуларното општество на слобода отиде толку далеку, па сега може отворено да се негираат основните верски права? Целата ситуација е уште поапсурдна и потрагична бидејќи најмладата жртва на овој напад, осумгодишниот Мартин кој пред само година дена прими Прва Причест, во моментот кога полицијата им го забрануваше пристапот на свештениците, умираше на неколку метри оддалеченост без можност да ја прими Светата Тајна елеопомазание на болните ниту Светата Тајна исповед. (с.с)
Извор: http://www.catholicculture.org/commentary/the-city-gates.cfm?ID=561