Детали за посетата на Папата во Шкотска

Детали за посетата на Папата во Шкотска

Портпаролоот ги демантира извештаите на медиумите за богослужба на отворено со папата Фрањо во Глазгов

Портпаролот на Шкотската бискупска конференција објави дополнителни детали за планираната посета на папата Фрањо на светскиот самит за клима во Глазгов на почетокот од ноември. Шкотските бискупи не планираат јавна света Литургија со Папата и очекуваат само многу кратка средба со поглаварот на Црквата, изјави портпаролот за Католичката новинска агенција CNA/EWTN. Папата доаѓа како гостин на британската влада и најверојатно ќе биде „само неколку часа во Шкотска за да учествува на конференцијата COP26“.

„Светиот Отец ќе го посети градот само неколку часа за да присуствува на состанокот COP26“, објави надбискупијата Глазгов на својата веб -страница. Датумот за посета на Папата на Глазгов сѐ уште не е одреден, но Светиот Отец постојано ја нагласува моралната димензија на климатските итни случаи, како и обврската на сите да придонесат за заштита на планетата, се вели во соопштението.

Претходно оваа недела, британските медиуми шпекулираа за богослужба на отворено со папата Фрањо во паркот Белахустон во Глазгов. Таму, во 2010 и 1982 година, неговите двајца претходници Бенедикт XVI и Иван Павле II служеа света Литургија. Портпаролот на Шкотската бискупска конференција веќе во јули објави дека Папата ќе ја посети земјата, но и тоа дека во Шкотска ќе се задржи „многу кратко време“. Од Ватикан сѐ уште нема потврда за посетата на папа Фрањо во Глазгов.

Конференцијата COP26, која беше планирана за 2020 година, а е одложена поради пандемијата, ќе се одржи од 1 до 12 ноември 2021 година.

Катпрес/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот