Десет мисли на свети падре Пио за подобар духовен живот

Десет мисли на свети падре Пио за подобар духовен живот

Падре Пио од Пиетрелчина, свештеник и капуцин, кој стана познат по раните на рацете и нозете кои му крвареле цели 50 години. Бил познат исповедник и духовен учител на голем број верници кои секојдневно доаѓале од сите краеви на Италија и пошироко. Пренесувам некои негови познати мисли.

-Не се мачи со работи кои создаваат загриженост, немир и вознемиреност. Потребно е само едно: да го воздигнеш духот и да го љубиш Бог.

-Молитвата е излевање на нашето срце во срцето Божјо.

-И светот да се сврти наопаку, и сè да биде во мрак, во чад и метеж, Бог е со вас. Од што ќе се плашиш.

-Само едно мора да бараш од Господ – да Го љубиш. За сè останато, само благодари Му.

-Љубете и вежбајте едноставност и понизност. Не грижете се за осудите на светот затоа што ако светот нема што да каже против нас, не би биле вистински Божји слуги.

-Никогаш не се потпирајте на себе. Целата своја доверба ставете ја во Господ.

-Никогаш не заборавајте дека небесните благодати се даваат не само заради сопствено посветување, туку и заради посветување на другите.

-Ако нè нападне некаква малаксаност или слабост на духот, да трчиме до подножјето на крстот, да се придружиме на небесните мириси, па несомнено ќе бидеме зацврстени.

-Душата која се доверува на Бог нема од што да се плаши.

-Секогаш прилагоди се на Божјата волја и не плаши се! Тој е вистинскиот пат кој води до Небото.

Духовност/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот