Кога другите се озборуваат, не се оди во светло, туку во сенка – рече папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов на 26 март 2016 година. Осврнувајќи се на Евангелието за Четвратата недела од Великиот пост, во кои се центар е исус и слепородениот, Папата рече дека Христос го оздрави слепиот на обреден и симболичен начин: најпрво измеша земја со плунка и ја нанесе на очите на слепиот; после тоа му нареди да оди и да се избања во бањата Силоам. Човекот оди, се бања и прогледува.
Со ова чудо Исус се покажува како „Светлина на светот“, а слепородениот го претставува секој од нас, кои сме создадени за да го запознаеме Бог, но поради последиците на гревот сме како слепиот; имаме потреба од ново светло, светло на верата, која ни ја донесува Исус. Слепиот од Евангелието, во суштина кога прогледува се отвора за Христовото таинство. „Веруваш ли ти во Синот Божји?” – го прашува Исус. „А кој е, Господи, па да поверувам во Него?” – рече оздравениот слепец. „И си Го видел, и Кој зборува со тебе, Он е.” „Верувам, Господи!” и Му се поклони.
Овој настан нѐ поттикнува на размислување за нашата вера во Христос, Синот Божји, а во исто време се однесува и на Крштението – првата света тајна на верата – света Тајна која овозможува да дојдеме до светлото, патот за повторно раѓање од вода и Светиот Дух; така се случило и со слепородениот, на кого му се отворија очите откако се изми во водата аод бањата Силоам. Слепородениот, а потоа оздравен, нѐ претставува нас кога не сме свесни дека Исус е „Светло на светот“, кога гледаме на друго место, кога се надеваме на мали светла и кога лутаме во мракот – рече Светиот Отец.
Самиот факт што слепиот не е именуван ни помага самите да се огледаме со лице и име на неговата сиутуација. И ние сме биле „просветлени“ од Христос во Крштението, поради тоа сме значи повикани да живееме како синови на светлината. Потребна е промена на менталитетот од корен, способност за просудување на луѓето и работите согласно новата скала на вредности, онаа која доаѓа од Бог. Светата Тајна Крштение во суштина бара да живееме како синови на светлината и да одиме во светлина – појасни папата Фрањо.
Кога сега би ве прашал: Верувате ли дека Исус е Син Божји? Верувате ли дека може да ви го промени срцето? Верувате ли дека може да ни ја покаже реалноста каква што ја гледа тој, а не како што ја гледаме ние? Верувате ли дека тој е светлина и дека ни го дава вистинското светло…? Што би одговориле? Секој нека си одговори во своето срце – реча Папа на присутните.
Што значи да се има вистинската светлина и да одите во светлина: Тоа пред сѐ значи да се напуштат лажните светла: светлото на предрасуди кон другите, бидејќи тие ја искривуваат реалноста и будат аверзија кон оние кои ги судиме и осудуваме без милосрдие. Кога се оговараат другите, не се оди во светлина, туку во сенка. Второ лажно светло, поради својата заводливост и двосмисленост, е светлото на личниот интерес: ако ги вреднуваме луѓето и работите согласно критериумот на „корисност“ за нас самите, на нас да ни погодат, заради нашиот престиж, не создаваме вистина во односите и ситуациите од животот – рече Светиот Отец.
Светата Девица, која прва го прегрна Исус, Светлото на светот нека ни измоли милост за повторно прифаќање на светлото на вера во овој пост, повторно откривање на непроценливиот дар на Крштението, кое сите го имаме примено. И нека ова ново просветлување ги промени ставовите и делувањата, како и ние – поаѓајќи од својата беда и незнаење станеме носители на зраците на светлото Христово.
После молитвата и благословот Светиот Отец потсети дека вчера во Шпанија за блажени се прогласени Хозе Алварез Бенавидес и дела Тора и 114 негови придружници маченици.
На крајот Светиот Отец ги поздрави верниците од Рим и Италија, оние кои доаѓаат од други земји, како и разните групи поклоници и како обично се пропорача во нивните молитви.
к.мк