Да се одговори на „идеолошката колонизација“
Папскиот совет за семејство ѝ посака голем успех на манифестацијата за заштита на децата против родовата идеологија, која ќе се одржи на 20 јуни, во на Плоштадот Свети Иван Латерански во Рим, која ја организира Комисијата наречена „Да ги заштитиме своите деца“.
Во пораката која ја потпиша претседателот на Папскиот совет за семејство, надбискупот Винченцо Паља, меѓу другото потсетува на вниманието на папата Фрањо кон темите кои се однесуваат на семејството, кое е основна клетка во општеството. Токму во неделава, за време на средбата со родителите, катехистите, свештениците и душогрижниците, Светиот Отец поттикна да се одговори на „идеолошката колонизација“ на родовата теорија во училиштата.
За поимот „идеолошка колонизација“, во разговор за Радио Ватикан, се осврна патер Џанфранко Гриеко, портпарол на Папскиот совет за семејство и истакна дека денес навистина треба да бидеме внимателни на тоа. Не може да се однесуваме кон децата како да се некоја инка преку кои ќе се излеват ставови за нивниот раст, наместо да им помогнат да пораснат, т.е. да им дават да прифатат некоја одредена идеологија, која нема никаква смисла, како што е на пример, родовата идеологија. Имено, овие деца треба да растат во целосно човечка, достапна и потполно слободна средина. Мора да се ставиме во нивна заштита, која ќе ја почитува убавината, невиноста и чистотата – истакна патер Гриеко.
Повторно истакнувајќи дека голема е задачата на Црквата да ги заштитува децата од овие идеологии кои се – како што рече – навистина колонизации, бидејќи културно ги заложиле училиштата, децата, нивниот развој, нивната душа и интелигенција. Патер Гриеко напомена дека, сепак, не е доволно да се заштитат, туку пред сѐ треба да им се промовира културата на животот, културата на љубовта, соживотот, на сѐ она што Црквата, Евангелието и католичкото образование е во состојба да го им даде на нашите деца.
На забелешка на новинарот дека во изјавата на Папскиот совет за семејство стои дека со овој настан се дава поддршка само со цел општеството повторно да стане почовечно, да не стане морбидно, туку да би било цврсто, силно, основано на семејството и во верување дека тоа ќе биде драгоцен придонес за животот на Црквата и на сите луѓе кои при срце им е доброто на целото човештво, патер Гриеко истакна дека Папскиот совет за семејство не може да биде оддалечено од таквите вложувања, кои ги промовираат вредностите на децата и семејствата. Ниту овој пат не може да бидеме отсутни и да не бидеме глас на децата. Глас на најслабите.
Пред сѐ – додаде портпаролот на Папскиот совет за семејството – сакаме овој настан да им помогне на оние кои се одговорни за иднината на децата за да станат свесни дека постојат други вистини кои треба да се промовираат, како и друг начин на почитување кое треба да им се покаже на децата кои растат во општество кое ќе стане плуралистичко, а не општество кое еднострано ги наметнува не-вредностите.
РВ/З.А.