Да му дозволиме на Бог да ја пишува нашата историја

Да му дозволиме на Бог да ја пишува нашата историја – поттикна Светиот Отец за време на светата Литургија на 07 октомври во капелата на домот Света Марта, говорејќи за Јона и добриот Самарјанин. Понекогаш може да се случи – забележа Светиот Отец – христијанинот да бега од Бог, додека некој грешник, кој се смета дека е далеку од Бог, да го слуша Божјиот глас.

Јона му служи на Бог и е побожен човек, но кога Бог го повикува, тој бега. Осврнувајќи се на историјата на Јона, Папата говореше за слушањето на Божјот глас. Може како христијанин, католик, член на католичка акција, свештеник, епископ и Папа да бегаш од Бог. Од Бог можеме да бегаме сите. Секојдневно искушение е да не се слуша Божјиот глас, во своето срце да не го слушаме неговиот повик. Од Бог можеме директно да бегаме, а има и други начини како да побегнеме од Него, можеби пософистицирани, пољубезни? Евангелието го опишува полумртвиот човек на улица и свештеникот, случаен минувач, кој го погледнал и продолжил по патот „бидејќи би можел да доцни на света Литургија.“ Значи, не го слушнал Божјиот глас – рече папата Фрањо.

Потоа наишол некој левит, но и тој не му помогнал на несреќникот за да не има непријатни последователни непријатности. Всушност и тој побегнал од Бог. Единствено го слушнал Божјиот глас тој кој обично бега од Бог; грешник самарјанец, кој не бил вешт во молитва и чествување на Бог. А сепак сфатил дека Бог го повикува и не побегнал. Тој му пристапил на ранетиот, му ги преврзал раните, го сместил во хотел и се погрижил за него – рече Папата додавајќи:

Свештеникот на време стигнал на света Литургија, сите задоволни: и свештеникот и верниците. Левитот другиот ден го поминал онака како што го замислувал, не морал да оди кај судијата и да му објаснува што му се случило. Зошто Јона, свештеникот и левитот побегнале од Бог? Затоа што имале затворено срце; а кога имаш такво срце, не можеш да го слушнеш гласот Божји. Самарјанинот имал отворено срце и го слушнал Божјиот глас – рече Папата. Јона имал план за својот живот и сакал да го оствари, исто така и свештеникот и левитот. Напротив, самарјанинот, грешник, му дозволил на Бог да му ја напише историјата. Бог му промени сѐ, на патот му стави беден човек, тешко ранет, исфрлен на улица – објасни Папата, Се прашувам, а и вас ве прашувам: „Му дозволуваме ли на Бог да го пишува нашиот живот, или сами сакаме да си го пишуваме? Го слушаме ли Божјото Слово? Да, сакам да ги слушам! А дали си способен да го слушаш Словото Божјо? Дали си способен во секојдневниот живот да ги откриеш Божјите зборови, или се потпираш на својот животен план и не дозволуваш да ти зборува Божјото изненадување? – праша Светиот Отец?

Завршувајќи ја проповедта, Папата рече дека три личности бегаат од Бог, а само една, која се смета за неуредна, е способна да слуша, да го отвори срцето и да го слуша Божјиот глас. Сигурен сум дека сите гледаме дека „самарјанинот, грешник, не бега од Бог.“ Нека Господ ни даде милост да го слушнеме Неговиот глас кој ни вели: Оди и ти прави го истото – заврши Папата.

Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот