Дали се случи егзорцизам!?

По завршувањето на светата Литургија во неделата, како и обично папата се молеше за здравје на болни лица. Сепак видео снимката на која Светиот Отец се моли над болното момче, кое за време на молитвата ја отвори устата, се затресе и извикуваше нешто гласно, ја заобиколи светот, а медиумите јавуваа дека се работи за егзорцизам на папата Фрањо.

Сега се поставува прашањето дали папата навистина изврши егзорцизам или сепак се работи за нешто друго?

Во католичките енциклопедии стои дека обред егзорцизам се врши само над крстени лица и започнува со поросување со благословена вода – а тоа се елементи на првиот егзорцизам кој се врши над секој човек кога се крштева, како нов член на Црквата за да од него се отргне секое сатанско делување. После тоа следува литанија до сите светии, во која се повикуваат сите светии, се молат псалми и се чита од евангелието. Исто така се моли и Символот на вера или пак обнова на крштелните завети, како и Оче наш. На опседнатиот се полагаат раце, што уште од Првата црква, симболизира слегување на Светиот Дух. Егзорцистот се обраќа со заповеден тон на злиот дух најчесто со зборовите: Во името на Исус Христос излези од овој човек“. Ова често пати е пропратено со необјасниви феномени како што е надприродна сила на опседнатиот, познавање на некои детали од животот на егзорцистот или пак на некој од неговите соработници, познавање на различни јазици. Обредот се врши далеку од очите на јавноста.

На прес конференцијата одржана на 21 мај патер Ломбарди ќе изјави дека: Во никој случај Папата немаше намера да изврши егзорцизам. Папата направи како што прави обично со болните и оние кои страдаат: тие му се преставуваат, а тој се моли за нивно здравје.

Читајќи погоре што се говори за обредот егзорцизам и она што го направи папата Фрањо над болното момче, јасно е дека Светиот Отец не молел егзорцизам и зборовите на патер Ломбарди можат само да се потврдат: Папата немаше намера да изврши егзорцизам.

Неупатените ги мешаат работите и тоа не е ништо ново. Едноставни молитви за ослободување може да моли секој свештеник, па дури и секој христијанин за самиот себе, за членови од своето семејство или пак за свои ближни. Но егзорцизам може да моли само епископ или свештеник овластен од него. Треба и да се истакне дека и самата молитва за ослободување од сатаната може да дава резултати, иако е само молитва за ослободување и не е во форма на егзорцизам како што е опишано погоре. Нешто слично изјави и римскиот егзорцист Аморт за неделниот случај со папата Фрањо: Можеме да кажеме дека се случи егзорцизам, иако врз момчето само беа положени рацете и папата се молеше. За да се случи егзорцизам не е неопходно да се молат молитвите предвидени за тој обред, објаснува Аморт за италијанското радио Радио 2.

За крај да кажеме нешто и за најчестите жртви. Тоа се лица кои се занимаваат со окултизам, практикуваат магија, повикуваат духови или пак се препуштаат на морално распуштен и блуден живот.

Исус им даде ветување на оние кои веруваат во него дека ќе изгонуваат демони (сп. Марко 6,13). Евангелието ни сведочи за радоста на апостолите кога се вратија од посланието, бидејќи и духовите им се покоруваа (Лука 10,20). Верникот секогаш се наоѓа во духовна борба и ќе победи со Христос. Сатаната секогаш е голем губитник, а Бог секогаш победува, а со него и сите оние кои веруваат во Него. (го*ко)

Категорија: Колумни

За авторот

Write a Comment

<