„Бог е мајка“ е лажна вест која кружи низ медиумите

Бројни медиуми објавија статија за наводно искуство со клиничка смрт на католички свештеник од американската држава  Масачусет со име Џон Мајкл О’ Нил, кој во небо се сретнал со „Бог мајка“.

Според таа приказна 71 годишниот О’Нил бил 48 минути мртов, а откако повторно оживеал на сите им раскажал дека бил во рајот и таму се сретнал со Бог кој изгледа како „топла и утешителна мајчинска фигура“. После тоа искуство одлучил дека од сега ќе проповеда за своето ново спознавање за „Мајката, Синот и Светиот Дух.“

Приказната претставува одлична можност да се нападне „патријархалната“ Католичка црква доколку не се откриеше лагата, односно дека сето ова е измислено.

Не постои свештеник од Масечутс кој се вика Џон Мајкл О’Нил. Имено од Надбискупијата Бостон е објавено дека во таа надбискупија нема свештеник со такво име и дека целата приказана е лага. Но оние кои ја пренесуваат лажната вест, намерно или ненамерно изјавата од Надбискупијата Бостон ја испуштија. Сигурно дека измислената и лажната вест која е вметната во виртуелниот свет е за да се фатат на јадица трагачите на екслузивни вести, оние кои по секоја цена сакаат да ја нападнат Црквата, како и оние кои оваа вест ја злоупотребуваат за свои интереси и привлекување на повеќе кликови.

Како што изгледа приказната е започната од страницата World News Daily Report, која се занимава со сатирични содржини. Потоа е пренесена од повеќе портали, но и многу подржувачи на „феминистичката теологија“.

Неколку страници, меѓу нив и оние кои се занимаваат со разоткривање на „hoax“ пишуваа за оваа измама (погледни тука, тука и тука) и вниманието го насочија на тоа дека фотографијата на која наводно е прикажан свештеникот во својот болнички кревет е земена од Shutterstock, интернет сервис за фотографии. Веста на почетокот била „поткрепена“ и со видео на која се гледа лажната слика на Џон Мајкл О’ Нил. Во меѓувреме видеото е отстрането од страницата, но статијата со лажната информација не е отстранета Насловот е премногу атрактивен, предобар и премногу против верата за да се тргне од порталот.

Значи станува збор за измама, лажна вест, која нема врска со реалноста и фактите.

к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Колумни, Свет

За авторот