Дали и денес твоите раце му се на располагање на Бог за да им помогнеш на оние кои се во потреба и да им го дадеш она што им треба?
Дали и денес твоите зборови се на располагање на Бог за да го утешиш тажниот, да го охрабриш потиштениот и да им ја вратиш надежта на сите оние кои ја загубиле?
Дали и денес твојата насмевка е на располагање на Бог со неа да се среќаваш со другите и да им ја покажеш силата на Радосната вест која ја сведочиш со својот живот?
Дали и денес твојата прегратка е на располагање на Бог за да ги прегрнеш сите оние кои живеат во осаменост, оние кои немаат никој свој и оние кои никој не ги сака?
Дали и денес твојата нежност му е на располагање на Бог, во овој свет полн со грубост и студенило да покажеш дека сепак има многу убави нешта?
Дали и денес твојата сила му е на располагање на Бог за сите твои секојдневни обврски кои треба да ги завршиш, да ги завршиш без мрморење и без приговарање?
Дали и денес твојата искреност му е на располагање на Бог за да појдеш во светот без дволичност, со само едно лице, лице кое не се менува според потребата?
Дали и денес твоето молчење му е на располагање на Бог, она што ќе го видиш дека некој лошо направил да не го пренесуваш понатаму, туку да му помогнеш на човекот самиот да ја сфати грешката и да ја поправи?
Дали и денес твојот разум му е на располагање на Бог за да бараш, учиш, да го истражуваш само она што е добро и што некому може да му помогне за да го промени животот?
Дали и денес твоето срце му е на располагање на Бог за сето она што го работиш да не го правиш од некој страв или заради некоја награда, туку од силна и искрена љубов кон Бог?
Духовност нет/Марио Жувела/к.мк