Голема манифестација за живот во Барселона

Барселона 7.7.2013 /к.мк/ – Во предвечерието на Меѓунардониот ден на животот, 8 април, повеќе организации од Шпанија, кои се борат за заштита на животот од зачнувањето до природната смрт, во Барселона организираат посебна манифестација пред базиликата на Светото Семејство, дело на архитектот и слуга Божји Антонио Гауди.

Настанот се одржува истовремено со уште 480 настапи во цела Шпанија, организирани од платформата „Да на животот”, со кои ќе се нагласи правото на живот од зачнуањето. Средбата во Барселона е целосно посветена на децата и на неа ќе бидат собрани потписи за европската кампања „Еден од нас”, со која се бара од ЕУ да го признае човековото достоинство уште од моментот на зачнување, како и за запирање на финансирање на активности кои поттикнуваат или доведуваат до уништување на ембриони. На крајот на манифестацијата ќе биде прочитан манифестот подготвен од платформата „Да на животот”.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<