На 14 март годинава се навршуваат 15 години од смртта на Кјара Лубич, слугинка Божја, основателка на Делата на Марија.
Во рамки на бројните настани ширум светот, заедницата на Движењето во Македонија со пригодна програма ќе го одбележи тој ден на 19 март 2023 година. во 16.00 часот, во салата на Спомен куќата Мајка Тереза во Скопје.
По тој повод ќе биде претставена првата книга на Кјара Лубич, која официјално излезе на македонски јазик, „Секој момент е дар“.
Оваа година се одбележуваат и 80 години од основањето на Делото на Марија, кое започнаа со посветувањето на Кјара на Бога на 7 декември 1943 година.