Германија: Екуменска декларација за Меѓукултурната седмица 2016
Во Германија e објавена „Заедничка декларација на Црквите за меѓукултурната седмица 2016“, чие мото е „Разликите се најдоброто нешто во согласност со изедначената мисла”.
Текстот е потпишан од претседателот на епископската конференција на Германија, кардиналот Рaјнхард Маркс, претседателот на Советот на Евангелската црква во Германија, епископот Хајнрих Бедфорд – Штром и од претседателот на православните епископи во Германија, митрополитот Августин. Во документот се наведуваат сите прашања кои од 25 септември до 1 октомври 2016 година ќе бидат разгледани во над пет илјади манифестации во 500 места во целата земја: меѓу темите особено значење имаат оние кои се однесуваат на прифаќањето и сместување на бегалците и интеграцијата во Германија на луѓето со различни култури, јазици и религии. Во декларацијата се истакнува дека е потребно справување со предизвикот кој произлезе од ситуацијата со бегалците, а не да бегаме од него“.
Според Црквите важно е „да се доловат загриженоста и стравот“, знаејќи дека „нема лесни и брзи одлуки“, но дека Германија го признава „правото на азил, како што е утврдено во Уставот и во обврските од Женевската конвенција“. Ова прави од Германија „земја во која пристапот на луѓето кои бараат азил, се управува со праведни и непристрасни норми, за да се обезбеди заштита на сиромашните, без оглед на земјата на потекло“.
РВ/В.Н.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк