Во Тирана одржан „Global Christian Forum“
Во Тирана заврши Форумот на христијаните (Global Christian forum) кој се одвиваше под мотото „Дискриминација, прогонство, мачеништво: заедно да го следиме Христос“. Во пораката кон учесниците, Папата изрази жалост и загриженост поради сé поголемата дискриминација и прогонства на христијаните во различни земји низ светот.
Католиците, православните и протестантите во Тирана од 2-4 ноември слушаа сведоштва на многу христијани кои денес немаат слобода, прогонети се и принудени да бегаат од своите куќи, криејќи се бидејќи забрането им е јавно да ја испчоведат својата вера. Во Тирана, исто така некои се кријат и се плашат да излезат во јавност, нивните лица и идентитет не смеаат да бидат достапни во медиумите.
Претседателот на Папскиот совет за промоција на единството на христијаните, кардинал Курт Кох, на учесниците им ја пренесе пораката на Папата кој „со огромна жалост гледа на порастот на дискриминацијата како и на прогонството на христијаните во Блискиот Исток, во Африка, Азија и насекаде на друго место по светот. Не сме рамнодушни – тврди Папата – кон страдањето на многу браќа кои се Христови сведоци, понекогаш сé до пролевање на крв. Заедничкото искуство на католиците, православните, англиканците и протестантите е многу подлабоко и посилно од разликата која ја дели нашата Цркква. Заедништвото на мачениците е највидлив знак на нашето заедничко одење – истакна Папата додавајќи:
Треба да се даде „глас на жртвите на оваа неправда и насилство за да се стави крај на таа трагична ситуација“. Папата сака денешните маченици, припадници на различните христијански традиции, да им помогнат на сите во сфаќањето дека сите се крстени членови на истото Христово Тело, неговата Црква; и оваа вистина сите да ја сметаме како повик на упорност во екуменскиот пат кон полно и видливо заедништво, растејќи во љубовта и заедничко размислување.
Цел на собирот во Тирана беше растење во заедништво. Заедно со луѓето со добра волја, сите Цркви треба да се ангажираат за правда, мир и развој, затоа што сиромаштвото е најголем извор на насилство. Сите христијани се повикани заедно да работат и молат за прогонетите браќа. Форумот моли прогонувачите да престанат со насилство; потсетувајќи ги властите дека треба да ја почитуваат и штитат верската слобода, особено оние кои се прогонети поради верата; ги охрабрува медиумите вистински да известуваат за христијанскта верска слобода, дискриминација и прогонствата на христијаните. На Форумот е истакната големата важност на воспитувањето на младите и солидарноста меѓу христијаните, а воедно е подигнат гласот за да се почитува достоинството на сите оние кои секојдневно стравуваат за животот поради верата.
После утринската молитва, заедничките сведочења ги поттикнаа учесниците да се чуствуваат како една трета Црква. Во Тирана, за време на претходните денови, силно одекнуваше гласот на 200 милиони прогонети христијани. Форумот се поклопи со албанското одбележување на 25 годишнината од светата Литургија во католичката гробишта во Скадар кој после 50 години безбожнички комунизам во Албанија, ја славеше еден преживеан свештеник. Оваа сличност потврдува дека Црквата може насекаде да воскресне, онака како што можела во Албанија.
РВ/Б.Р.