Во светот владее позитивно мислење за папата Фрањо

Според резултатите на две истражувања од американскииот Истражувачки центар Pew, на повеќе од 50 илјади испитаници од 43 земји на сите континенти, 60% имаат позитивно мислење за папата Фрањо, 11% негативно, додека 28% се неопределени, односно никогаш не слушнале за него и не би знаеле како да го оценат.

Папата има најголема поддршка во Европа, каде 84% од испитаниците имаат позитивно мислење. Во Латинска Америка позитивно го оценија 72%, додека во Северна Америка 78%. Во Африка 41% од испитинаците рекоа дека Папата им се допаѓа, но 40% не дадоа никаква оценка, како и во Азија процентот е сличен: 41% од испитаниците го поддржуваат, додека 45% се неопределени. Папата најнегативно го гледаат во Блискиот Исток, со 25% негативно мислење, но и со ист процент за позитивно мислење, додека 41% со неопределено.

Во 21 земја со поголем број на католици, го изразуваат позитивното мислење за Папата и во сите случаи искажуваат поголема поддршка од некатолиците. Треба да се напомене дека тоа не значи дека некатолиците негативно го оценуваат Папата, бидејќи во повеќето земји со значителна разлика, поголемиот процент на некатолиците е неопределена отколку да го истакнат своето негативно мислење. Најголемите разлики се појавуваат во земјите на Латинска Америка, каде што разликата помеѓу позитивното мислење на католиците и некатолиците се движи од 63% до 45%, известува Истражувачкиот центар Pew.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот