Во пресрет на канонизацијата на блажениот Иван XXIII и блажениот Иван Павле II
На вообичаениот брифинг за новинарите одржан на 24 април во канцеларијата за печат на Светата Столица, а по повод канонизацијата на блажениот Иван XXIII и блажениот Иван Павле II, стана збор за молитвеното бдение, кое ќе биде подготвено од поклониците во Рим. Патер Федерико Ломбарди говореше за најважните моменти на свеченоста која ќе се одржи на 27 април. На неа се предвидуваа да присуствуваат претставници на сите вероиспоиведи, 93 претставници од разни држави, 24 шефови на држави и кралства. На прославата ќе бидат присутни 150 кардинали и 1000 епископи. Меѓутоа нема официјална потврда дека на славењето ќе биде присутен и почесниот папа Бенедикт XVI.
Во недела наутро програмата започнува во 9.00 часот на плоштадот Свети Петар со Милосрдна Бројаница и со пеење на хорот на Римската бискупија, а по литанијата до светците ќе започне евхаристиското славење. На мисата кон хорот на Сикстинската капела ќе се придружи Филхармонијата од Краков, како и хорот на бискупијата Бергамо – рече Ломбарди.
Обредот на канонизација ќе биде на самиот почеток од славењето, напомена патер Ломбарди. Откако Папата ќе упати три барања до префектот на Конгрегацијата за прогласување на светци, кардинал Анџело Амато, Светиот Отец ќе ја изговори формулата која искажува предлог за почитување на новите светци во целата Црква. По формулата ќе бидат прикажани реликвии од новите светци, кои ќе ги донесат нивни блиски, а кој уште не се одредени. Потоа следува благодарност, по што ќе продолжи евхаристиското славење. Треба да се напомни, како и на сите големи празници Евангелието ќе биде прочитано на грчки и латински јазик.
Што се однесува пак до присутноста на славењето, патер Ломбарди изјави дека Светата Столица не упатува никаква посебна покана, туку само известување, така секој што ќе сака да присуствува е добредојден. Тоа важи и државните претставници, како и за претставниците на другите вероисповеди.
РВ/го*ко