Во овој пост посеј ново семе во своите денови, месеци години. Еве како!
Сите се повикани во постот да направат нешто посебно, да изорат некоја лична бразда во својот живот и да посеат ново семе во своите денови, месеци и години. Над сите (…) лебдат Исусовите зборови кои повикуваат: Царството Божјо е пред вратата, обратете се и верувајте во Радосната вест… Постот не е време на жалост, туку нова пролет на животот. Тој донесува нови шанси, надеж за човекот да стане поинаков, во својот живот да го поправи она што до тогаш го мачело, да стане здрав, благороден и добар. Постот е време кога човекот може да ја оздрави својата душа и со дисциплината во јадењето, пиењето и работата да ја исцели својата психа, но и своето тело. Тоа се моменти кога тој може со целото свое битие да ја очисти, да го симне товарот од совеста, но и од телото, како и товарот на погрешните емоции и имагинации и тешките мисли и грижи.
Постот (..) е време на големи ветувања и надеж. Тогаш би требало да направиш пресврт во животот. Најпрво да се откажеш од гревот, да признаеш и да им простиш на оние кои те повредиле. Потоа да Го замолиш Светиот Дух да ги исполни просториите на душата, да го замолиш Бог да ја освежи и излекува душата, телото и духот, и тогаш да започнеш да живееш позитивно и да видиш дека навитина е можно да бидеш сосема друг човек, свет, дека е можно од сè да се откажеш и да бидеш слободен во срцето, дека е можно да го прифатиш животот со крстови, маки, смрт и болести и да станеш здрав, вечен и неуништлив. Кој добро го искористил постот тој станува искусен христијанин, верник и човек. Така Велигден на крајот на постот станува не само славење на Исусовото Воскресение и надеж туку исто така и нов почеток, пролет на сопствениот живот, пролет на здравјето, хуманоста и племенитоста.
Битно.нет/дон Томислав Иванчиќ/к.мк/Д.И.