Во видео пораката со молитвената накана за месец август, папата Фрањо поттикнува на грижа за семејствата кои – според неговите зборови се вистински училишта за иднината, простори на слободата, центри на човечноста и прво место на кое се учи да се сака.
Светиот Отец го свртува својот поглед кон семејствата и бара молитвената накана за овој летен месец да се посвети на таа, како што ја нарече, најдоброто можно наследство кое може да се остави на светот и на иднината. Во тој контекст молитвената накана на Папата упатува на грижа за семејствата, вистински училишта на иднината. Неговата порака е апел семејствата да се посветат на дијалогот, учество во животот на другиот и да ги живеат заедничките искуства, да научат да прифаќаат и да простуваат. Семејство – како што рече на учесниците на заседанието на Папскиот совет за семејства во 2013 година – е првото место каде се учи да се сака.
Истовремено Папата предупредува и на една сѐ поголема опасност – на претеран индивидуализам кој ја расипува семејната врска и на крајот секој член на семејството го смета за остров, што може да создаде атмосфера на нетрпеливост и агресивност (Amoris Laetitia, II поглавје Реалност и предизвиците на семејството).
Во текот на својот понтификат папата Фрањо повеќе пати се осврнува на важноста на семејството на кои денес им се закануваат многу опасности. Тие слоевити прилики се одразуваат и во бројките. Според некои статистички податоци – како што извести Светската молитвена мрежа, во Европската унија 16% семејствата го прават еден родител и неговите деца.
Во САД според статистиките кои се однесуваат на 2016 година венчани се 44% од паровите. Освен тоа се забележува се поголем број на луѓе кои живеат сами (20%). Во Латинска Америка пак посебен случај е Колумбија, во која најголем број парови кои не живеат во брак, а ги има 35%. Тој стремеж се забележува и во останатите земји на тоа подрачје на кое 27% децата живеат во семејства со само еден родител.
Ватикан њуз/к.мк