Во Кичево се одржа Маријаполи 2015

Од 25 до 28 јуни 2015 година во Кичево се одржа Маријаполи во организација на фоколарините на движењето Делото на Марија. Оваа година Маријаполи се одржа на тема: Светот во потрага за светлината. На оваа средба учествуваа семејства католици, православни и муслимани од Скопје, Штип, Секирник, Гевгелија, Богданци, Косово, девојчиња од Радово, како и свештениците монс. Антун Церимотриќ, о. Тома Ангелов, о. Димитар Ташев, о. Ѓорги Динов и о. Тони Ангелов.

Првиот ден од средбата беше посветен за семејството. Неколку семејства со своите искуства ја потврдија важноста на бракот, неговите проблеми, но истовремено ја истакнаа и неговата убавина. Секој со своето искуство потврдуваше кога е Исус во центарот на нашиот живот дека се наоѓа решение, надеж, светлина, радост. Кај присутните се забалежуваше голема отовреност за да се даде и прими нови искуства.

Вториот ден беше посветен на Пресветата Евхаристија, која оваа година е главна тема во Движењето. Со помош на свешениците и излагањата на Кјара Љубиќ и сегашната претседателка Емаус преку видео презентација на присутните уште повеќе им беше доближена Пресветата Евхаристија.

За најмалите учесници, децата, од страна на фоколаринката Анита им беше понудена посебна програма каде секој се трудеше да го сака својот ближен, да му помага во задачата која му е дадена…

На крајот од вториот ден монс Антун Церимотиќ говореше за новата енциклика на папата Фрањо, „Лаудато си“ и на многу јасен и разбирлив јазик ја објасни. После предавањето присутните на монсињор Циримотиќ му испеаја многолетствие по повод неговиот 50 годишен свештенички јубилеј.

Секој нов ден во Маријаполи започнуваше со славење на Светата Евхаристија.

Освен официјалната програма, времето беше искористено и за прошетки, игри, меѓусебно дружење, запознавање…

Секој се чувствуваше исполнет, корисен и ја чувстуваа Христовата присутност во себе. Се вратија во своите места на живеење со една нова светлина душите, ветувајќи дека таа светлина ќе ја прошират таму каде што бидат.

к.мк/о.Д.Ташев

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот