Во Гевгелија претставени новите одговорни за Марииното дело во Македонија
Во парохиската црква „Свети.Петар и Павле“ во Гевгелија во четврток 5 ноември 2015 година се оствари средба меѓу новите одговорни фоколарини, фоколаринката Кјара Кунео по потекло од Италија одговорна за регионот и Долорес Полето од Сплит, која е одговорна за Македонија.
На почетокот парохот отец Димитар Ташев искрено ги поздрави сите присутни, а на новите одговорни им посака срдечно добредојде. Потоа средбата продложи со претставување на одговорните и презентација на темата за наредната година, односно за единството што е и темел во каризмата на Марииното дело. Темата беше продлабочена со дискусијата од страна на присутните. По средбата следеше Света Литургија која ја предводеше о. Тома Ангелов, во заедништво со о. Димитар ташев и о. Тони Ангелов.
к.мк/о.Д.Т.