Во Ватикан заседава Кардиналскиот совет

Во Ватикан заседава Кардиналскиот совет

Од 12 до 14 јуни 2017 година во Ватикан се одржува 20. работна средба на Кардиналскиот совет на која присуствува и папата Фрањо. Станува збор за трета средба во 2017на деветте кардинали, кои се избрани од Папата за да помогнат во реформата на Римската Курија и да му помагаат на Светиот Отец во управувањето на Универзалната Црква.

Последната работна сесија на Кардиналскиот совет се одржа од 24 до 26 април, а дел од дискусиите беше посветена на „изборот и формирањето” на персоналот, како на духовниците, така и мирјаните, и децентрализацијата на Црквата и служењето на Римската Курија на националните епископски конференции.

Во моментов деветмината кардинали, заедно со папата Фрањо ја разгледуваат реформата во некои ватикански сектори, како Конгрегацијата за евангелизација на народите и Папскиот совет за промоција на новата евангелизација. Размислувањата се упатени и на некои текстови кои треба да бидат понудени на Папата, а се однесуваат на Папскиот совет за меѓурелигискиот дијалог, Папскиот совет за законодавните текстови и трите суда: Апостолски пенитенцијарија, Врховниот суд на Апостолската Сигнатура и Римската рота.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот