Верските поглавари упатија апел за демократски избори

Правото на глас на претстојните избори да се искористи според своето убедување, достоинствено, одговорно и мирно и со богоугодно и човекољубиво однесување, истакнуваат поглаварите на верските заедници во Македонија во повикот до верниците.

Поглаварите на Католичката црква, Македонската православна црква-Охридска архиепископија, на Исламската верска заедница, Евангелско-методистичката црква и на Еврејската верска заедница упатија апел за демократско, мирно и слободно изборно изјаснување, стои во соопштението и се наведува дека сите имаме одговорност за иднината и просперитетот на државата и затоа е потребно да се потврди дека сме земја и луѓе со демократски и државотворен капацитет, но пред сѐ со религиозни и духовни вредности.

Слободата на изборот е основно човеково право, кое не е само придобивка на современото демократско општество, туку е фундаментален дел и од учењето на секоја религија – се истакнува во соопштението потпишано од поглаварите на Црквите и верските заедници во Македонија.

го*ко

Категорија: Македонија

За авторот