Верниците од Моин заедно со сестрите Евхаристинки молат за успех на Синодата

Верниците од Моин заедно со сестрите Евхаристинки молат за успех на Синодата

Сестрите Евхаристинки од Гевгелија при парохијата Свети Петар и Павле ја предводат молитвената група, која моли синодалниот процес да биде успешен во Струмичко-скопската епархија „Успение на Пресвета Богородица“.

Водени од мотото на Синодата „За една Синодална црква: заедништво, учество и послание“, сестрите Евахирстинки во парохиската црква Свети Петар и Павле, всушност Манастирската црква во склопот на манастирот „Пресвето Срце Исусово“, организираат молитвени средби со своите верници.

Во таа пригода во молитвата на сестрите Евхаристинки се вклучија и верниците од с. Моин, кои на овој начин го даваат својот скромен придонес за успешна Синода.

Синодата се одвива во неколку фази а завршната ќе се одржи во октомври 2023 година во Рим на која ќе претседава Светиот Отец, папата Фрањо.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот