Верниците молат за својот владика

По повод 15 годишнината од хиротонијата на Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, верниците од парохијата свети Петар и Павле од Гевгелија заедно со својот парох о. Димитар Ташев на 11 мај 2014 за време на светата Литургија и по светата Литургија пред ликот на Мајка Божја молеа за својот владика. Ја молеа Мајка Божја за негова заштита и заговор пред Нејзиниот Син.

По тој повод и во останатите Цркви во Скопска бискупија и  Апостолскиот егзрахт во Македонија се молеше за Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, како и за духовни звања.

На многаја лета наш владико!

о.Д.Т.

 

Категорија: Македонија

За авторот