Верниците во Битола ќе ја чествуваат чудотворната икона на Богородица Паљурска

Верниците во Битола ќе ја чествуваат чудотворната икона на Богородица Паљурска

На 21 ноември 2026 година ќе се одржи литија со чудотворната икона на Пресвета Богородица Паљурска, со можност верниците да ја чествуваат и да се помолат пред неа.

Настанот ќе започне во 10.00 часот со свечен прием на чудотворната икона, по што во 10.30 часот е предвидено сведоштво и катехеза во црквата „Пресвето Срце Исусово“ во Битола.

Во 11.30 часот монсињор д-р Киро Стојанов, во заедништво со свештеници од Скопска бискупија и Струмичко-скопска епархија, ќе служи Света Литургија, а во 13.00 часот ќе следува процесија низ Широк Сокак со иконата на Пресвета Богородица Паљурска.

Парохијата од Битола ги повикуваат верниците да се приклучат овој молитвен настан и да се доверат под застапништвото на Пресвета Богородица.

Централно место во ходочестието ќе има иконата на Мајка Божја Утешителка – Паљурска, која е поврзана со најзначајното католичко ходочесничко место во Македонија. Почитувањето на Пресвета Богородица во Паљурци особено се развива на почетокот на XX век. Во 1908 година епископот Епифание Шанов во Паљурци го посветил македонскиот народ на Пресвета Богородица.

Иконата меѓу верниците се почитува како чудотворна, а со светилиштето во Паљурци низ годините се поврзуваат сведоштва за услишени молитви и бројни и примени благодати по застапништвото на Пресвета Богородица. Паљурци повторно прераснува во духовен и ходочеснички центар.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот