Верата не е приватна работа
Има „световни власти“ кои сакаат религијата да биде приватна работа, но Бог кој го победи светот треба да се почитува до крај, со доверба и верност – истакна папата Фрањо во проповедта на светата Литурија на 28 ноември во капелата на домот Света Марта.
Во конечната борба помеѓу доброто и злото, која овие се сретнува во литургиските читања, има големо заведување, а папата Фрањо гоа нарекува „општо искушение“. Искушението да се поверува на заведувањата од оние кои сакаат да го победат Бог, надвладувајќи ги верниците. А верникот има многу јасно упориште во кое може да гледа. Тоа е Исусовата историја, со поднесените искушенија во пустината, а потоа бројните искушенија во неговиот јавен живот, зачинет со навреди и лаги, сѐ до последното понижување на крстот; но каде кнезот на овој свет ја губи својата битка пред Воскреснатиот кнез на мирот – рече Светиот отец.
Папата потсетува на ова случување од Христовиот живот бидејќи е во игра конечниот пресврт на светот, опишан во Евангелието, повозвишени вредности од драмата која се прикажува со сите елементарни катастрофи. Кога Исус зборува за тие катастрофи, во еден друг дел се вели дека ќе се случи осквернавење на храмот, верата и народот: ќе биде општ очај. Што значи тоа? Дека кнезот од овој свет ќе го победи Бог? – праша Папата.
Се чини дека ќе завладее со светот во последниот момент на кастрофите, дека ќе стане негов господар. А јадрото на искушението: осквернување на верата. Што е јасно – рече Папата – од страдањето на пророк Даниил, за кое говореше првото читање: фрлен во јамата со лавови бидејќи го почитувал Бог наместо царот. Заведувањето има точно име, а тоа е „забрана за почитување“ – објасни Светиот Отец.
Не може да се говори за религијата, тоа е приватна работа, зар не? За неа не се говори јавно. Отстранети се верските симболи. Има да се покоруваме на наредбите на световните власти. Сѐ може да се прави, но Бог не смее да се почитува. Забрана за почитување. Тоа е јадрото на тој план. А кога паганското време ќе се исполни, тогаш ќе дојде Он: ќе го гледаме Синот Божји како доаѓа на облаци со голема моќ и слава. Христијаните кои го поднесуваат времето на прогонот, времето на забрана за почитување, пророкува она што ќе ни се случи на сите – кажа Папата.
Завршувајќи ја проповедта Папата рече дека е време е да се подигне главата кога ќе наврши времето на прогонот, бидејќи е близу победата на Исус Христос. Не треба да се плашиме, Тој единствено бара верност и трпение. Да бидеш верен како и Даниил, кој останал верен на својот Бог и го почитувал до крај. Трпеливост, бидејќи нема да ни падне ниту влакно од главата, ни вети Господ.
Би било добро ова недела да размислуваме за општото отпадништво од Бог, кое се нарекува „забрана за почитување“ и да се преиспитаме: „Го почитувам ли Господ? Го почитувам ли Исус Христос, Господ?“ Го правам ли тоа делумно навивајќи за кнезот на овој свет? Апсолутно почитување, со доверба и верност, треба да молиме оваа недела за таа милост – заврши Светиот Отец.
РВ/Д.И.