Ватикан: Нови мерки за поддршка на многудетни семејства

Ватикан: Нови мерки за поддршка на многудетни семејства

Папата најави проширување на социјалната поддршка за вработените во институциите под раководство на управата на градот-држава Ватикан, посветувајќи посебно внимание на многудетните семејства. Новите мерки стапија на сила на 1 јануари 2025 година.

Главна новина е месечниот надоместок од 300 евра за семејства со три и повеќе деца. Оваа мерка за социјална поддршка има долгорочен карактер: плаќањата ќе се вршат додека детето не наполни 18 години. Доколку детето го продолжи образованието, рокот на отплата може да се продолжи до 24 години, под услов да се обезбеди соодветна документација за неговото високо образование.

Покрај финансиската поддршка, новиот пакет социјални мерки предвидува и зголемување на должината на породилното отсуство. Се зголемува бројот на платени денови за породилно отсуство. Оваа мерка не се однесува само на биолошките родители, туку и на посвоителите и старателите.

Одлуката ја донесе папата Фрањо на 19 декември 2024 година тој лично ги известил кардиналот Фернандо Вергес Алзага, претседател на управата на градот-држава Ватикан, и сестрата Рафаела Петрини, која ја извршува функцијата генерална секретарка, за новините. Папата нареди итно спроведување на овие мерки.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот