Брацо – човек кој лекува со поглед или навреда за здравиот разум!?

Во последните години сме сведоци на пополураноста на група исцелители чии методи со медицината немаат ништо заедничко, а најверојатно ниту со здравиот разум. Мароканскиот исцелител кој лекува со „енергијата на петте планети“, крагуевскиот биеоенергичар кој лекува со мастурбација, или загребскиот „молчелив исцелител“ кој лекува со – поглед! Последно споменатиот се вика Јосиф Грбавац, магистер по економија, популарно викан Брацо, со седиште во Загреб, на Сребрењак, каде што споменатиот исцелител подигнал храм од оникс на сонцето.

Претходник на Брацо бил Ивица (Топлица) Прокиќ, кој пребегал од Јужна Србија во Хрватска, гонет поради мистериозното самоубијство на неговата прва сопруга.

Своајта „пророчка“ предодреденост Прокиќ ја препишува на ненадејната „голема болка на зглобот на левата нога“ при што во истиот момент се онесвестил и останал неподвижен. „После кратко време, кога дојдов при свест, на тоа место видов изгореница и почувствува некакво струење по телото. Тоа беше почетокот.“ Подоцна (по кои критериуми?!) „пронајдов дел од сонцето влезен директно во мене и од тогаш ја поседувам таа моќ.“ Прокиќ на себе носел повеќе од еден килограм злато бидејќи во … „јануари 1970 година му било директно кажано, кога ќе имам килограм злато, ќе бидам директен водач со сонцето“. Од наведените причини сонцето ќе остане препознатлив знак на ова движење.

Рамката на научувањето на Прокиќ претставува миленаристичка закана на Божјата „чистка“ која започнала во 1992 година, и тоа со различни природни катастрофи кои ќе го загрозат целото човештво. Само тие кои се засолнети под една од трите „ крстни планини“ (планината Јастребас во Србија, Авала кај Белград и Медведница кај Загреб) ќе бидат спасени.

Во своите тринаесет литературни аналфабетски (издиктирани) книги, прогласени за „објава“ и „исцелување“ Прокиќ себе си се претставува за прв загребски „пророк“ со кој започнува, ни повеќе ни помалку туку „ново време и нова цивилизација“ на кој тој е зачетник и уште повеќе откупител на себе и на човештвото, и дека Нострадамус (1503-1566) пророкувал за неговото доаѓање како човек „кој ќе ја води една од следните цивилизации“, поради што тој е „повеќе од човек“ и „последна станица“ на човештвото.

Визиите ги примал со спритуалистичка техника во амбиент на Њуејџ позната како „канализирање“ при што тој самиот бил „медиум“ или „канал“ „дух водач“ кој преку неговата уста зборувале, а тој самиот во потополност не го разбирал значењето на своите визии во кои се испреплетуваат христијански (Исус Христос и сатаната), источни (чакри, карма, реинкарнација) и митолошки (Атлантида) елементи. Најавувал како и Ностардамус и Саи Баба дека во иднина четворток ќе ја замени христијанската недела.

Тоа е рамката на „објавата“ на Прокиќ. Со букетите цвеќе и доброволните прилози поклониците му оддавале почит и му обезбедуваат средства за живот. Наводно само во првите три години од делувањето на Прокиќ поминале над еден милион обожаватели во неговата „ординација“ во потрага по исцелување и спасение.

На егоманијата на Прокиќ ненадејно  доаѓа крајот кога во 1995 година се удавил во Јужноафриканската Република на плажата Санта Луција. Обдукцијата покажала дека се удавил, но следбениците и понатаму веруваат дека бранот го носи кон сонцето, после што Ивица станал дел од космичката енергија, а неговата мисија ја продолжил верен верниот ученик  – Брацо.

Јосип Грбац – Брацо

Јосиф Грбац, верен ученик на Прокиќ и сведок на неговата смрт, според критериумите на Д. Плечка претставува единствен феномен во светот. Затечен на изненадната смрт на својот учител, пред избезумените обожаватели кои од сите страни со неверување слетувале за да ја слушнат вистината за Прокиќ, за да ги задоволи нивните очекувања, самиот набрзо ја продолжил улогата на медиум, пророк и исцелител. Спротивно од Прокиќ, кој луѓето ги примал поединечно, Брацо со извесна новост, ги прима во мали групи, или масовно, наводно исцелувајќи ги – со погледот. Во салата од оникс на Сребрењак си подигнал пиедестал од каде молчејќи гледа, а масата народ сведочи за необичните моменти по телото, како мравки по телото или исцелување. Во отсуство на Брацо членовите на неговиот „Сојуз“ пуштаат тонски запис од неговиот глас и тврдат дека се постигнуваат истите работи. Слично сведочат и луѓе кои ги читат книгите на Ивица и Брацо. Но, повеќе се тие кои не доживеале ништо – но таквите на медиумите не им се интересни!

Критички осврт

Од теолошко гледиште треба да се истакне дека феноменот Ивица – Брацо спаѓа во категорија на окултни појави. Нивната комуникација со „духови водачи“ припаѓа во спиритуалчистичка категорија, во Њуејџ познато како „канализирање“. Содржината на нивните објави е напишано во преку дваесет „исцелителни“ книги спротивни на христијанската објава. За христијанините откупител е единствено Исус Христос, а ден Господов исклучиво е недела. Никаков четврток. Никаков Ивица и Брацо. За таквите „објави“ кои денес се сѐ повеќе, свети Павле пишува: „Но дури и ние, или ангел од небото да ви благовестува нешто друго од она, што ви благовестуваме ние, нека биде анатема!“ (Гал 1, 8)

Од филозофско гледиште, култот на сонцето што го популаризираат Ивица и Брацо лесно може да се поврзе со култот кој постоел во Србија во предхристијанскиот период. Станува збор за ново паганство кој во средина на њуејџ пронаоѓа нови поклоници.

Од психолошко гледиште феноменот би можел да се гледа во светло на современите егомани оптеретени со „синдромот на месија“ кој се манифестира преку самоувереноста на личноста и сопственото месијанска, пророчка или божествена улога, чиј најтежок стадиум претставува автократска идентификација со самиот Бог. Пациентите на таквото исцелување стануваат негови обожаватели и следбеници, некритички го прифаќаат неговото учење и одредбите декорирани со неговите симболи (талисмани) и се подредуваат на неговите упатства целосно несвесни дека станале членови на неговиот култ.

Најостра критика треба да упатиме на лесноверниот христијански народ. На крајот, не е важно кој дошол Мароканец, Србин, Кинез или Јапонец како и тоа со што исцелува, вода, енергија, поглед или мастурбација меѓу луѓето секогаш ќе се најде лековерна публика што е само индикатор на инфантилната вера на големиот број современите христијани.

***************************************************************

Сигурно дека некој ќе каже дека Брацо им помогнал, дека нема ништо лошо во тоа итн.

Здравјето не е Бог. Кога за човекот здравјето ќе стане Бог, тогаш човекот оди наоколу и подготвен е да си ја продаде душата само за да добие здравје. На таквиот човек сите му се исти: Исус, Брацо, бајачи, ѓаволи…. било кој, само да добие здравје. Чудата се ретки, па треба да се проба сѐ!

Да чудата се ретки, па затоа не треба да се трчи по сѐ и сешто само за да се добие здравје. Ако се предаваш на Брацо, залудно некаков си чир на ногата е зараснат, кога на душато и срцето си обвиткан со чума, поради верата во Брацо и откажувањето од Христос. А и тоа телесно здравје кое го доби, ако го доби, со смртта ќе го изгубиш. А од смртта уште никој не успеал да се отргне освен Христос, кој Воскресна. Значи, ако се откажа од Христос и го замени со Брацо, тогаш кој ќе те спаси кога ќе дојде крајот на овој свет? Мислиш ли дека тука ќе живееш вечно? Или можеби мислиш дека може да веруваш и во двајцата: во Брацо и во Христос? Не, не…., не може да се служи на двајца господари. Одлучи: Христос или Брацо!?

Оние кои се со Бог, откако го најдоа Бог, понекогаш добиваат и здравје, но секогаш здравје за душата. Можеш да трчаш за здравје на телото и до крајот на светот, и нема да го најдеш, а душата може да ја изгубиш. Откажи се од идолопоклонството кон здравјето, и ќе ја добиеш здрава твојата душа, а со душата можеби ќе добиеш и здравје.

Извор: Битно нет

Превод: Д.И./Адаптација: го*ко

Категорија: Колумни, Свет

За авторот