Божиќна Архиерејска Литургија во Нова Маала

Божиќна Архиерејска Литургија во Нова Маала

На првиот ден од Рождеството Христово, 7 јануари 2017 година Скопскиот бискуп и Апостлски егзарх во Македонија, Неговото Високо Преосвештенство, монс. д-р Киро Стојанов во сослужение на парохот о. Спасо Ристов, дон Јошт Мезег и о. Коленко – провинцијал на капуцините од Словенија, служеше света архиерејска Литургија во парохиската црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала.

Во својата пригодна проповед ги поттикна верниците да (не) бидат како луѓето од онаа време како би го почувствувале Христовото раѓање. Да не бидат како оние луѓе кои не само вратите од куќите, туку и вратите од своите срца не ги отвориле за таму да би се родил Исус, туку да бидат како пастирите и мудреците кои без никакви медиумски средства на необичен начин преку ангелските гласови и ѕвездата водилка пристигнуваат до местото на Христовото раѓање.

На крајот од светата Литургија парохот о. Спасо Ристов му се заблагодари на владиката за неговата душегриживост и проповед. Им се заблагодари и на свештениците за нивното присуство и помош, особено на о. Коленко, кој помагаше при светата Исповед и светата Причест. Литургијата заврши со многолетствие.

к.мк/З.А

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот