Се ближи смртта. Не е тоа крај на телесниот живот, која што е избавување или смирување, туку смрт која е последна бездна, незамислива сила на разорување и страдање. Се приближува смртта, празнината, ужасна немоќ, разорна пустелија. Кога сè бега, кога нема ништо освен напуштеност што пече и неискажливо е мртва. Во таа ноќ духот и сетилата, во таа пустош на срцето во кое е сè запалено, твојата душа сè уште е во молитва; тој страшен пустош подобро да го уништи срцето, се претвора во единствен повик кон Бога. О, молитво на болката, молитво на осаменоста, молитво на длабоката немоќ, молитво напуштена од Бог, ти се поклонувам. Ако ти, Исусе, така молиш, во таква тешка состојба молиш, тогаш од било каква бездна би можело да се повика твојот Отец? Каде е очајот кој што во крило на твојата напуштеност стана молитва? Како е уште да занемиш од мака, а да се не знае дека и такво немо викање уште се слуша сред небеското царство?
За да ја искажеш својата тешка состојба, за да измолиш молитва на твојата бескрајна напуштеност, почна да молиш како во Псалмот 22. А твоите зборови: „Боже, Боже мој, зошто си ме оставил?“ првите стихови се премногу стари жалења што некогаш самиот твој Свети Дух ги ставил во срцето и устата при старозаветните побожности како викање во неволја. Ти, така, во својата мака, ако смеам да си дозволам да кажам, не сакаше да молиш ништо друго, туку она што пред тебе го молеле безбројни илјадници. Ти на некој начин за време на својата голема литругија, кога си се прикажувал самиот себе си за вечна жртва и сам си молел литургиски обликувани зборови, со тоа и со зборовите си можел да кажеш сè. Научи ме така да молам со зборовите на Црквата и тие да ми станат зборви на срцето.
Од книгата Молитви на животот од Карл Ранер/к.мк