Поучна приказна: Бoг никогаш не греши

Поучна приказна: Бoг никогаш не греши

Честопати се жалиме за животот и негативните работи кои ни се случуваат…

Еден крал кој не верувал во Божјата добрина имал роб кој во сите ситуации секогаш зборувал: „Мој кралу, зошто сте обесхрабрени, бидејќи сé што ќе направи Бог е совршено. Тој не прави грешки!“

Еден ден кралот отишол на лов и на патот е нападнат од диво животно. Неговиот роб успеал да го убие животното, но не успеал да го спаси прстот на кралот. Лут и без никаква благодарост што е спасен, благородникот прашал: „Добар ли е Бог? Ако е добар, јас немаше да бидам нападнат и немаше да го изгубам прстот.“

Робот му одговорил: „Мој кралу, и покрај сé, јас можам само да ви кажам дека Бог е добар, и Тој знае зошто се случило тоа. Што и да направи Бог е совршено. Тој никогаш не греши!“

Бесен заради одговорот, кралот наредил да го затворат неговиот роб.

По неколку дена, кралот отишол на лов, но овој пат сам. Го фатиле некои диви луѓе кои се  имале обред да жртвуваат луѓе.

На олтарот подготвени да го жртвуват благородникот, дивите луѓе откриле дека нивната жртва нема еден прст. Во согласност со нивните обичаи, само цела личност со сите свои делови може да биде понудена на боговите. Кралот без прстот се сметал за лоша жртва за нивните богови. Затоа го ослободиле кралот.

После враќањето во палатата, кралот наредил да го ослободат робот. Го примил радосно и рекол: „Бог навистина беше добар спрема мене! Речиси ќе ме убиеја дивите луѓе, но среќа, заради прстот кој го немав, бев ослободен. Но имам едно прашање: Ако Бог бил толку добар, зошто ми дозволи да те ставам во затвор?“

Робот одговорил: „Мој кралу, да дојдев јас со вас на лов, мене би ме жртвувале, бидејќи не бев без еден прст. Запомнете, сé што прави Бог е совршен. Тој никогаш не греши. Ви дозволи да ме ставите во затвор за да не дојдам со вас на лов.“

Честопати се жалиме за животот и негативните работи кои ни се случуваат, заборавајќи дека ништо не е случајно и дека сé има своја цел.

Секое утро предавај го својот ден на Бог, немој да бидеш во брзање.

Моли го Бог да ги инспирира твоите мисли, да те води во она кое го работиш и што ги ублажува твоите чувства. И немој да бидеш исплашен. Бог никогаш не греши.

Битно.нет/Стефанија Ристова

Категорија: Вера, Духовност

За авторот