Бог ни вели: Не плаши се, Јас сум со тебе, те држам за рака
За да може на човекот да му ја објави Својата татковска љубов на Бог му е потребна човечка маленкост – тоа беше главната мислата во проповедта на Папата на светата Литургија на 27 јуни во капелата на домот Света Марта, на празникот Пресвето Срце Исусово.
Не чека, туку дава, не зборува, туку делува. Нема трошка пасивност во љубовта на Створителот кон Неговите созданија. Зборувајќи за Пресветото Срце Исусово, Папата рече дека во срцето на Синот Божји ги славиме големите дела на Неговата љубов. Може да се каже дека денес е празник на љубовта Божја во Исус Христос, Божјата љубов кон нас и во нас – рече Светиот Отец додавајќи:
Љубовта има две карактеристики. Првата е дека во давањето повеќе се гледа отколку во примањето. Втората пак дека е повеќе во делата отколку во зборовите. Кога тврдиме дека се гледа повеќе во давањето, сакаме да кажеме дека секогаш се соопштува, нуди, за да се даде на другиот. А кога велиме дека во делата е повеќе отколку во зборовите, значи дека љубовта секогаш е животворна, дека од неа расте живот – објасни Папата.
За да ја сфати Божјата љубов човекот треба да биде свесен на својата маленкост. Мојсеј му објаснува на еврејскиот народ дека Бог го избрал затоа што е „најмал од сите народи“. А Исус во Евангелието му заблагодарува на Отецот „бидејќи „Божјите работи“ ги сокрил од мудрите, а ги објавил на малите“. Бог сака со човекот да воспостави „однос татко-дете“, „да го милува“; да му вели: Јас сум со тебе – рече Светиот Отец.
Божјата нежност се гледа во Неговата љубов; тоа ни го соопштува и ја зајакнува нашата нежност. Ако се чувствуваме силни, не можеме да ја искусиме Божјата нежност, Неговото големо пријатно милување: Не плаши се, Јас сум со тебе, те држам за рака… А кога Исус зборува за себе вели: Јас сум кротко и понизно срце. И Он, Божјиот Син се понизи за да ја прими љубовта на Отецот – истакна папата Фрањо.
Друго посебно обележје на Божјата љубов: Бог прв нѐ љуби. Он секогаш е пред нас, нѐ чека – рече Папа завршувајќи ја проповедта со молитва за да можеме да го сфатиме овој таинсвен свет, да се восхитуваме и уживаме мир во љубовта која се објавува, ни дава радост и на животниот пат нѐ држи за рака – кажа Папата.
Каде што ќе пристигнеме, Он е таму. Кога го бараме, Он веќе нѐ барал. Секогаш е пред нас, нѐ чека за да не прими во Своето срце, во Својата љубов. Ова може да ни помогне да го сфатиме таинството на Божјата љубов, за која е потребна нашата маленкост за да може да се види, како и нашиот восхит кога Го бараме Бог, а секогаш Го наоѓаме како нѐ чека – заврши Светиот Отец.
РВ/Д.И.