Бог зад тезгата
Некоја жена сонувала како влегува во некоја голема продавница и тука на нејзино големо изненадување, го видела Бог како продава на тезгата.
-„Што продаваш?“ – прашала таа.
-„Сè што ќе посака твоето срце“ – одговорил Бог.
Жената едвај поверувала во тоа што го слушнала и одлучила да го побара најдоброто што човечкото срце го посакува.
-„Сакам мир за душата, и љубов, и среќа, и мудрост, и слобода од стравот“побарала жената. Потоа, по краткото размислување, додала:
-„Но не само за мене, туку и за сесите во светот“.
Бог се насмевна.
-„Мислам дека погрешно си ме сфатила, драга моја“ – рекол Бог. „Овде не продаваме плодови. Само семето.“
к.мк /Стефанија Ристова
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк