Богородица е Мајка Утешителка
Слава на Исуса Христа! Браќа свештеници, преподобни чесни сестри, браќа и сестри во Христа кои доаѓате од повеќе парохии на Македонија денес сплотени тука во Паљурци, драги млади учесници на Летниот Камп – Паљурци 2015.
На сите вас ви ги пренесувам поздравите од нашиот бискуп, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, кој со радост ни подели свој архиерејски благослов по повод поклоничкото ходочествување, кое и оваа година го направивме во чест на Мајка Божја Утешителка, а на слава Божја.
Еве нé со сите наши молби и прозби до нашата небесна Мајка и Утешителка.
Зошто Марија е утешителка, затоа што Бог ја избрал Марија како земска Мајка на својот Син. Ја избира кога е уште многу млада и ѝ го доверува Исус, или Христос, односно Месијата.
Марија се завзема и прифаќа. Бог верува во неа, и таа верува во Бога.
Марија се отвора на светот – на еден нов свет – направен од нови реалности.
Таа има свој проект за животот, Бог и предлага друг, многу различен. Таа го прифаќа без условување, и се става сета на располагање и сета своја завземеност. Така постанува Мајка на Откупителот.
Денес Марија служи за модел на многу млади и возрасни кои настојуваат да понесат напред еден идеал, еден посветен живот, богат со проекти, надежи и оптимизам.
Младешката великодушност на Марија, Исусовата Мајка, стимулира многу великодушни млади, расположливи, убедени, да се завземат за своите ближни, со отворено срце кон Христа, кој чука на нивната врата за да реализираат големи дела.
Марија нѝ отвара нови патеки, нов όд, тргнувајќи од конкретната реалност која секој ден треба да ја живееме.
Да се имитира Марија не значи дека треба да се прават вонсериски дела, зашто ние во неа сакаме да видиме жена, личност со наша природа, која живее меѓу нас во едноставноста на нормално семејство.
Како што вели папата Павле VI, личноста на Марија многу пати е стигната до нас во некои сегменти измитизирана, многумина сакат да прават од неа мит. Несомнено таа е обдарена со исклучително вонредни привилии, единствени: непорочна, мајка девица, мајка Божја, вознесена на небото веднаш по смртта… во останотото живееше живот сличен на нашиот.
Потребно е ликот на Марија да се ослободи од некои измислици, типични на претерувања кои нас нé одалечуваат од неа. Нејзиното однесување и нејзините вистински човечки вредности ќе бидат многу поубедливи причини да ја чувствуваме поблиска, да ја чувствуваме утешителка.
Марија живееше нормален живот на млада жена, во склопот на семејството, држејќи ги навиките и обичаите на израелците и на своето време. Не е разумно да се одвојува од таа реалност, која подразбира човечки ограничувања. Она ги има истите мечтаења на младите; се свршува со младо момче… Иднината ја гледа во своето едноставно семејство. И како сите израелци го чека исполнувањето на Господовото ветување: доаѓањето на Месијата.
Бог интервенира во нејзината иднина и ја прави, но ја прави благодарение на нејзината достапност, „Мајка на својот Син“… Тука почнува новата ера.
Марија, жена верничка, великодушно одговара на Божиот повик… Покажува младешка храброст и се конфронтира со можните ризици. Прашува само едно појаснување: „Како ќе биде тоа, кога јас не знам за маж?” Одговорот е: „Светиот Дух ќе слегне на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји.“(Лк.1,34-35).
Со своето однесување Марија ја покажува својата вера, доверба, расположивост и посветеност.
Марија нé наведува на размислување: Младите се чувствуваат дезориентирани пред вредностите (можеби е подобро ако кажам не-вредностите) наследени од возрасните кои направија фрагментирано општество, кое е неправедно, дефицитарно на цврсти и убедливи принципи.
Предупредуваат потребите за откривање на нови вредности и тоа ургентно за една култура која ќе ги премости празнотиите на денешниот свет. Лидерите кои се претставуваат пред нив им изгледаат млитави и неспособни да го валоризираат нивниот живот.
Марија се претставува пред нас како млада, полна со живот, куражна, храбра, и со сета жедност за живот, жедност која ние сите внатре во себе ја носиме. Реалноста на животот се исполнува ден по ден, чекор по чекор, во секојдневната работа, со сите свои успеси и сите промашувања, со својата среќа и сите страдања.
Младите, со сета сила на својата младост, но не само младите тоа важи и за возрасните бараат нови цели. Некои се заблудени во материализмот, други во разочарување и разидување, некои во дрога или во секс… Но сепак постојат оние другите, кои се насочени на автентичниот пат, во барање на вистинските вредности, кои дават радост и среќа.
Христијанинот и покрај панорамата која ја гледа и е опкружен живее во надеж. И живее во доверба, убеден дека историјата е во рацете на Бог и дека се отвораат секогаш непредвидливи патеки … поразлични од пречките кои можеме да ги сретнеме.
Постојат секогаш патеки за надежта. Има секогаш млади кои великодушно се стават на располагање за сериозно да се вклучат во проектот на лично и општествено созревање.
Таквите личности живеат нормален живот и ја посакуваат својата и среќата на ближниот во радоста на напредокот.
Драги браќа и сестри, затоа што Марија била една нормална млада жена и Мајка, има целосно разбирање кон нас нејзините земни чеда.
Кога пред осум години почнавме да доаѓаме со семејството воочи празникот Раѓање на Пресвета Дева Марија тука и да молиме Молебен во нејзина чест тоа беше и главната водителка Таа да се погрижи Паљурци да стане повторно прибежиште на сите, за секој човек кој ќе го посети оваа од Бога посветено место си најде утеха, разбирање и пред сѐ радост… На својата земја, покрај постоечките темели и ѕидови на храмовите Католичката Црква во Македонија, молеше и моли за драгиот Бог да ги прими молитвите на своите верници и поклоници во Паљурци.
Оваа година ние сме покрај посветениот темелен камен на храмот кој ќе биде изграден во Божја слава, а овој пат сме на своја земја и затоа во овој миг пред сите вас искажувам благодарноста во името на Н.В.П. д-р Киро Стојанов до општина Богданци, до градоначалничката г-ца Анастасија Олумчева и вработените во општината и до поранешниот градоначалник на општина Богданци. Воопшто не заборавајќи ги жителите на населеното место Богданци кои сакаат Паљурци со земјиштето кое е сопственост на Католичката црква да бидат вратени на вистинскиот сопственик и оваа од Бога дадена убавина почне да пулсира во корист на верниците од околните населени места и цела Македонија, а ќе дојде денот кога овде ќе доаѓаат да се молат и луѓе од вон границите на Македонија, зашто Божјото милосрдие нема граници.
Еден од чекорите кои се преземаат тоа да стане реалност е и штотуку завршениот Летен камп – Паљурци 2015 (од 18 до 20 септември). А на кој тема водителка беше: „Година на Семејството“ на кампот учествуваат млади од Апостолски Егзархат во Македонија и Скопска Бискупија, кои беа тука заедно со своите свештеници, на кои им благодарам за посветеноста и жртвата која ја прикажаа во овие денови околу организацијата и реализацијата на Летниот Камп, на сите, а посебно на домашниот парох о. Тома Ангелов. Сите вас ве повикувам да се молите и гласно да потикнувате секој кој е во можност да го помогне градењето на храмот кој тука треба да биде издигнат во чест на Свети Павле Апостол. Слава на Исуса Христа!
д-р Зоран И. Стојанов