Блискиот однос на свештениците со Исус ги спасува од световниот дух

Вистинскиот свештеник, Божји помазаник за неговиот народ, има близок однос со Исус: кога тој однос недостасува, тогаш свештеникот станува „премачкан со сите масти“, станува лицемерен, идолопоклоник, обожавател на богот Нарцис – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 11 јануари сослужувана со кардиналот Анџело Бањаско и група свештеници од архиепископијата Ѓенова во капелата на домот Света Марта.

Папата целата проповед ја посвети на свештеничкиот живот; коментирајќи го читањето од Првото Послание на светиот апостол Иван кое вели дека имаме живот вечен затоа што веруваме во името Исусово. Светиот Отец говореше за односот свештеник и Исус, затоа што од тој однос свештеникот црпи сила. Како што растела Исусовата популарност, Он се повлекувал во осаменост да моли. Ова е и за нас свештениците главна одредница. Го бараме или не Го бараме Исуса; каде е местото на Исус во мојот свештенички живот? Дали односот со Исус е жив, како однос помеѓу ученик и Учител, помеѓу брат и брат, помеѓу беден човек и Бог; или тој однос е вештачки… не доаѓа од срцето? – праша папата Фрањо.

Ние сме помазани со Светиот Дух, но некој свештеник тоа помазание може да го изгуби ако се одделува од Исус. И наместо да биде помазан, тој станува „премачкан со маст“ и лажен, а таквите свештеници на Црквата и нанесуваат големо зло. Тие својата мотивација ја наоѓаат во вештачки работи, во празнина и слично; во заострен говор… Колку пати за таквите се вели дека е свештеник – пеперутка!, затоа што е залуден?… Нема врска со Исус Христос! Го изгубил помазанието; „премачкан со сите масти“ – рече Светиот Отец и додаде:

Ние свештениците имаме многу ограничувања и сите сме грешници. Ако прибегнуваме кон Исус Христос; ако го бараме Господ во молитва, тогаш сме добри свештеници, иако сме грешници. Но ако се одделуваме од Исус, тоа тогаш мораме да го надоместиме со други работи и однесувања… оние световните. И така ги има сите „видови“… деловен свештеник, свештеник претприемач… Но и свештеник молител на Исус Христос, кој со Исус Христос разговара, кој Го бара и му овоможува Он да го бара него: тоа е центарот на нашиот живот. Ако го нема тоа, губиме сѐ. А тогаш што ќе му дадеме на народот? – праша Папата.

Нашиот однос со Исус Христос, односот на помазаните за неговиот народ, треба да расте секој ден– поттикна Папата. Убаво е да видиш свештеници кои го дарувале својот свештнички живот и за кои народот вели: Има лош карактер и многу недостатоци, но е свештеник! А народот тоа го чуствува – рече Светиот Отец додавајќи:

Од друга страна, кога народот ги гледа свштениците, така да кажам, идолопоклоници, кои наместо Исус имаат мали идоли… и исто така се побожни на богот Нарцис…, народ ги нарекува: „бедници“. Односот со Исус Христос нѐ чува од световноста и идолопоклонството кои нас не залажува и нѐ држи такви. На вас кои денес со мене сослужувате го посакувам ова: да изгубите сѐ во животот, но да го зачувате односот со Исус Христос. Тоа е вашата победа и со него туркајте напред – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот