Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монс. Киро Стојанов во недела 3 април 2022 година во Бискупската резиденција на Водно во Скопје го прими о. Томаж Маврич, СМ, генерален настојател на оо. Лазаристи.
Средбата помина во срдечен разговор во кој што бискупот Стојанов и генералниот настојател Маврич допреа бројни теми, а посебно се задржаа на значењето и придонесот на оо. Лазаристи на Католичката црква во Македонија со посебен осврт меѓу верниците од источен обред. Неодминлива тема беше и о. Јосиф Алоати и с. Еврозија Алоати, Божји слуги, основатели на Сестри Евхаристинки за кои се води процес за беатификација.
Во придружба на о. Томаж беше о. Павле Новак, поранешен Визитатор и сегашен духовник на сестрите Усмилинки кои дејствуваат во Македонија од самото доаѓање на оо. Лазаристи, односно од 1856 година.
к.мк