Бискупот Стојанов ја посети управата на Папските мисиски дела во БиХ

Бискупот Стојанов ја посети управата на Папските мисиски дела во БиХ

На 24 февруари 2017  година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов во Сараево ја посети управата на Папските мисиски дела во Босна и Херцеговина.

Бискупот Стојанов беше примен од директорот на Папските мисиски дела во БиХ, монс. м-р Лука Туњиќ, запознавајќи го бискупот за новата служба која му е доверена. Тој ја истакна задачата на управата во месната Црква при изградбата на мисионерската свест, како и поврзаноста со мисионерите во светот.

Бискупот Стојанов се заблагодари на монс. Туљиќ за пријатниот разговор, поканувајќи го да ја посети Македонија.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот