Бискупот Стојанов упати честитки до новоименуваните архиереи на МПЦ – ОА г. Партениј и г. Григориј
Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх. монс. д-р Киро Стојанов по повод именувањето на игуменот на Бигорскиот манастир, г. Партениј за Викарен епископ на Дебарско – кичевската епархија со титула „Епископ Антаниски“, како и именувањето на г. Григориј од Осоговскиот манастир „Свети Јоаким Осоговски“ за митрополит на Кумановско – осоговската епархија со титула Сарандопорски, упати одвоени честитки, во кои ја искажува својата радост и упатува честитки во свое име и во име на Католичката црква во Македонија за гореспоменатите именувања, посакувајќи им на двајцата нови архиереи на МПЦ – ОА Божји благослов во извршувањето на нивната душпастирска служба – стои во честитките на бискупот Стојанов до г. Партениј и г. Григориј.