Бискупот Стојанов упати честитки до кардинал Винко Пуљиќ по повод 20 годишнината од неговата кардиналска служба

Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс д-р Киро Стојанов на 27 ноември 2014 година упати честитка до надбискупот и митрополит Врхобосански, кардинал Винко Пуљиќ, во која меѓу другото стои:

„Ваше Високопреосвештенство, по повод дваесетата годишнина од Вашата кардиналска служба примете ги моите честитки, пропратни со молитви за да ве следи Господ на Вашиот пат во служењето на Црквата.

Во минатите години од Вашата бискупска и кардиналска служба видлива е постојаност која извира од дарот на верата во Бог, цврста надеж и верна љубов. Вашето сведочење кое е плод на средбата и одот со Бог и за други е охрабрување и поттик за отвореност кон Божјата љубов и милосрдие. Во посланието и сведочењето за Исус Христос, нека Ве следи застапништвото на Блажена Девица Марија – ѕвезда на новата евангелизација. Овие честитки ги искажувам и во име на презвитерите од Скопската бискупија и Апостолскиот егзархат, лицата со посветен живот и верниците, со изрази на почит и братска љубов кон Вас, како и благодарност за љубовта која ја имате кон Црквата во Македонија, како наш митрополит“, стои во честитката на бискупот Стојанов.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот