Бискупот Стојанов упати честитка до бискупот Фрањо Комарица

Бискупот Стојанов упати честитка до бискупот Фрањо Комарица

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов, на 13 декемри 2023 година упати честитка до монс. Фрањо Комарица, досегашен бискуп на Бања Лука, по повод именувањето на дон Жељко Мајиќ за негов наследник.

Потсетувајќи се на заедничките моменти, посебно за време на посетите на монс. Комарица на Црквата во Македонија епископот Стојанов пишува: „Познавајќи Ве како добар и верен Пастир на Вашето рането стадо, а уште повеќе како ревносен слуга на Црквата Христова, со своето сведочење оставивте цврста надеж за иднината на Црквата во Бања Лука, но и одлучност и храброст во зачувувањето на довереното стадо, секогаш потпирајќи се на Христа, како темел во потрагата по мир и правда.“

Со увереност дека и понатаму бискупот Комарица ќе биде од голема помош на неговиот наследник, епископот Стојанов моли Бог да му дарува здравје и сила за да продолжи да служи и да ја придружува Црквата преку неговите молитви, а во корист на Божјиот народ на месната Црква.

Благодарејќи му на бискупот Комарица за неговото верно служење на Црквата и сето добро направено, бискупот Стојанов ги вети неговите молитви, како и молитвите на свештениците, монасите, монахињите и верниците на Скопска бискупија и Струмичко – скопската епархија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот