Бискупот Стојанов се сретна со Државниот секретар за Хрватите надвор од Хрватска г-дин Звонко Милас

Бискупот Стојанов се сретна со Државниот секретар за Хрватите надвор од Хрватска г-дин Звонко Милас

На 2 март 2020 година во просториите на Бискупската резиденција во Скопје Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх оствари средба со г-дин Звонко Милас, Државен секретар за Хрватите надвор од Хрватска кој беше придружуван од неговиот соработник одговорен за Македонија проф. д-р Милан Бошњак, а на средбата присуствуваше и Н. Е. г-ѓа Нивес Тигањ, амбасадорка на Хрватска во Македонија.

Средбата се одвиваше во пријатна атмосфера на која се разговараше за актуелната ситуација на Заедницата на Хрватите во Македонија и хрватските здруженија и односот на Црквата со заедницата и здруженијата.

Соговорниците истакнаа дека ситуацијата со коронавирусот ги ограничува личните средби и контакти, при што беше нагласено дека поврзаноста на Црквата во Македонија со Црквата во Хрватска во овој период продолжува по пат на социјалните мрежи, со надеж дека наскоро ќе дојде до нормализирање на состојбата.

На средбата стана збор и за катастрофалниот земјотрес што ги погоди градовите Сисак, Петриње, Глина и околината како и солидарноста на верници од Македонија преку Македонски Каритас со цел да им се помогне на загрозените од земјотресот, на што г-дин Милас изрази голема благодарност.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот