Бискупот Стојанов додели благодарници на хорот и оркестарот за настапот на „Денови на света Мајка Тереза“
На 5 октомври во катедралниот пасторален центар во Скопје, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх монс. д-р Киро Стојанов додели благодарници на членовите на катедралниот хор и оркестарот за литургиското пеење за време на свечената понтификална Евхаристиска прослава предводена од посебниот пратеник на Светиот Отец папата Фрањо Н. Ем. Винко кардинал Пуљиќ, по повод благодарноста за дарот на канонизацијата на света Мајка Тереза на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
На почетокот на средбата бискупот Стојанов ја истакна мајчинската улога на света Мајка Тереза и важноста на мајчинството во семејството и општеството, нагласувајќи ги зборовите на кардиналот Пуљиќ „Земјо Македонијо, биди горда на оваа мајка која стана пример за целиот свет.“
Бискупот Стојанов исто така им заблагодари на сите членови на катедралниот хор и членовите на оркестарот за волонтерското дарување како и на убавото пеење и сведочењето истакнувајќи „Света Мајка Тереза преку Татковинската прослава и благодарноста на Бога за дарот на канонизацијата нѐ обедини во нашата различност“, истакнувајќи ја радоста што токму во различностите на верата и нациите заедно можевме да молиме и да му даваме слава на Бога како деца на еден небесен Отец.
Потоа бискупот во знак на татковска благодарност и грижа на секој член од хорот и оркестарот лично додели благодарници, а заедништвото продолжи со дружење.
к.мк