Бискупот Стојанов го прими деканот на Богословскиот факултет во Сараево
На 6 мај 2015 година Скопскиот бискуп и Апостослки егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов го прими деканот на Католичкиот богословски факултет во Сарево, монс. д-р Паве Јуришиќ.
Бискупот Стојанов му посака добредојде на деканотна Католичкиот богословски факултет, монс. д-р Паве Јуришиќ и му заблагодари за прифаќањето на поканата од провинцијалната настојателка с. Стефанија Георгиева да одржи Духовни вежби за сестрите Евахристинки. Бискупот Стојанов го запозна монс. Јуришиќ за историјата и животот на Црквата во Македонија.
Монс. Јуришиќ искажа благодарност до бискупот Стојанов за братскиот прием, пренесувајќи ги поздравите од врхобосанскиот надбискуп, кардинал Винко Пуљиќ. Деканот Јуришиќ го информира бискупот Стојанов за работата на Католичкиот богословски факултет во Сарево, од моментот кога е полноправен дел од Универзитетот во Сараево. Исто така стана збор и за посетата на папата Фрањо на Сараево, 6 јуни, истакнувајќи ја важноста од посета на Босна и Херцеговина, како и за сите луѓе кои ќе присуствуваат на таа средба.
к.мк/д.Д.Т.