Бискупот Стојанов го прими Генералниот директор на Реновабис

Бискупот Стојанов го прими Генералниот директор на Реновабис

Неговото Преосвештенство Монс. Киро Стојанов, бискуп скопски и струмичко-скопски епарх на 20 јули 2023 година на Ординаријатот во Скопје го прими Генералниот директор на Реновабис проф. д-р Отец Томас Шварц, придружуван од господинот Мартин Ленц, раководител на одделот за проектна работа.

Бискупот Стојанов изразувајќи добредојде на високите гости ги запозна со животот и активностите на Католичката црква во Македонија искажа задоволството и благодарност за соработката со Реновабис.

Генералниот директор на Реновабис, д-р Шварц, од своја страна искажа благодарност до бискупот Стојанов на поканата да ја посети Католичката црква во Македонија, приемот и плодниот разговор, истакнувајќи ја подготвеноста на Рановабис за понатамошната соработка.

Професор Томас Шварц заедно со господин Мартин Ленц деновиве престојуваат во работна посета на Македонија и ќе се запознаат со работата и активностите на Католичката црква во Македонија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот