Бискупот Стојанов го прими Архиепископот Охридски и Македонски Господин Господин Стефан
Во четврток 27 ноември 2014 година во претпладневните часови Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов го прими Архиепископот Охридски и Македонски Господин Господин Стефан.во новоизградената бискупска резедиенција во Скопје
Бискупот Стојанов му ја покажа на Господин Господин Стефан новата резиденција, која е уште во фаза на опремување, во која ќе бидат сместени различни структури и совети на Бискупијата и Апостолскиот егзархат, како и самото седиште на бискупот. Монсињор Киро Стојанов му се заблагодари на Господин Господин Стефан за поклонетата мермерна плоча на која е бискупскиот грб на бискупот Стојанов, како и неговото мото: “Ut unum sint”, што преведено од латински значи „Да бидеме едно“. Овој дар бискупот даде да се постави на резиденцијата.
Заедно со бискупот Стојанов, архиепископот Охридски и Македонски го пречекаа и катедралниот парох дон Давор Топиќ и бискупскиот канцелар о. Марјан Ристов.
к.мк