Монс. Стојанов го воведе дон Паво Шекерија во службата парох во Скопската катедрала
Во недела 20 септември 2020 Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монс. Киро Стојанов го предводеше евхаристиското славење во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје и го воведе во парохиската служба новиот катедрален парох дон Паво Шекерија и го претстави катедралниот парохиски викар дон Давид Л.Т. Регаладо.
Обредот на воведување на новиот парох се состоеше од читање на декретот, исповедување на верата и предавање на клучевите.
Толкувајќи го Божјото Слово, во својата проповед бискупот Стојанов упати зборови на охрабрување на новиот парох дон Паво Шекерија посакувајќи му истрајност и застапување на Блажена Дева Марија во неговата нова должност. Својата благодарност бискупот ја искажа и до дон Давид Л.Т. Регаладо, кој исто така дојде во Македонија и ја даде поддршката на оваа Црква, именувајќи го за катедрален парохиски викар во Скопје и управител на парохијата „Пресвето Срце Исусово“ во Битола.
Исто така бискупот Стојанов ги повика парохјаните да ја продолжат својата соработка со своите свештеници дон Паво и дон Давид, а пред се пратејќи ги со молитва како би растела и се развивала оваа парохија за добробитта на целата Црква.
Досегашниот парох во Битола, односно новиот катедрален парох во Скопје дон Паво Шекерија е свештеник на Врхбосанската надбискупија и директор на Македонски Каритас. Исто така дон Давид Л.Т. Регаладо е свештеник на Врхбосанската надбискупија. И двајцата свештеници покрај нивната расположивост мисиски делуваат во Скопската бискупија во Македонија со благослов и подршка на нивниот ординариј надбискуп и метрополит врхбосански кардинал Винко Пуљиќ, кој е метрополит и за скопската бискупија.
к.мк/д.т.