Бараш нови и нови знаци од Бог?
Бараш нови и нови знаци од Бог? Душата не ти е доволно понизна за да ги видиш оние кои веќе си ги добил!
Да имаш натприроден поглед значи да ги видиш работите како што Бог ги гледа, да научиш да ги толкуваш и оценуваш настаните од аспект на верата. Само така ќе го сфатиме својот живот и светот во кој живееме.
Понекогаш може да се слушне: „Кога Бог би направил чудо можеби би поверувал, можеби би го сфатил Бог сериозно“ или „Да ми даде Господ цврсти докази за мојот повик би му се посветил без задржување.“ Господ ни дава доволно светлина да го следиме патот. Светлина во душата, светлина преку човекот кој го создал за нас. Но, ако волјата не е понизна, бара нови знаци која би сакала да процени повеќе или помалку дали се доволни. Понекогаш зад нив, на изглед искрени, копнееш за нови докази за да може да се донесе одлука за поголема достапност, крие мрзливост и неодговарање на милостите.
На почетокот на верата (или на духовниот повик) Бог запалува мало светло за да се осветлуваат само првите чекори што мораме да ги направиме. Понатаму од овие први чекори е мрак. Но во мерката во која одговараме со делата светлината и сигурноста стануваат сè поголеми. Пред искрена и понизна душа која ја бара вистината, Господ секогаш се покажува потполно јасно: Одете и кажете му на Иван што сте слушнале и виделе…
Господ мора да најде во нас понизен и искрен став кој ги исклучува предрасудите и дозволува да знаеме да слушаме. Навистина, Божјиот говор иако е прилагоден на нашата природа, може тешко да се прифати затоа што понекогаш се противи на нашите планови и хирови или бидејќи Неговите зборови не се оние кои сме се надевале и сме сакале да ги слушнеме… Понекогаш материјалното опкружување во кое живееме може да ни изнесе лажни причини за спротивставување на говорот во кој Бог се покажува. Тогаш слушаме два различни јазика: јазикот на Бог и јазикот на светот, овој вториот изложен со навидум „човечки“ причини. Заради тоа Црквата нè повикува на молитва: „Семоќен и милосрден Боже додека одиме во пресрет на Твојот Син дај земските обврски и грижи да не ни пречат; небесната мудрост на твоите зборови нека нè воведе во заедништвото на неговата судбина.
Оваа медитација е краток извадок од дневните медитации кои целосно се наоѓаат во книгата од Франциско Карвајала: Разговор со Господ.
Битно.нет/Д.И.